Ananiev, Jovan and Gicev, Vlado and Sumanov, Gorgi and Delipetrev, Blagoj (2011) Методологија за мапирање на ризици. Other. Центар за управување со кризи- Влада на Република Македонија, Скопје.
Text
makedonska verzija.pdf Download (1MB) |
Abstract
Оваа студија е изработена врз основа на истражувања од страна на авторите, кои се однесуваат на Република Македонија, анализи и студии подготвени од страна на странски истражувачки институции, документи на меѓународни и на владини организации како и врз основа на домашната регулатива и регулативата на Европската унија во сферата на процената и мапирањето на ризиците и опасностите.
Таа претставува упатство за подобро разбирање на појавата ризик и како ризикот може да се процени, мапира и надмине. Следејќи ги најновите препораки содржани во Упатството за процена и мапирање на ризици во кризниот менаџмент, донесено од Европската комисија на 21. 12 2010 година со број SEC (2010) 1626 и следејќи ги општите трендови и пракси за изработки на Методологии за мапирање на ризици, оваа студија, процесот на мапирање на ризиците го разработува и поврзува заедно со нивно анализирање и проценување. Односно, мапирањето е во функција на подобро проценување на ризиците и нивно спречување или намалување, но, истовремено, мапирањето на ризиците произлегува од нивно претходно проценување (базирано на претходно искуство и прогноза, определена од аналитички заклучок).
Во оваа студија, се даваат напатствија за мапирање на ризиците, имајќи предвид дека одредени ризици воопшто не е возможно просторно да се определат, а за некои кои е возможно просторно да се лоцираат, односно мапираат, оваа методологија може во различен степен да биде применлива, имајќи ги предвид спецификите на одделните ризици. Овие специфики е пожелно да бидат разработени во засебни методологии, кои ќе се однесуваат на одделен ризик или на група на сродни ризици
За да биде поразбирлива и поупотреблива, студијата содржи две студии на случаи, кои се однесуваат на ризици специфични за Репиблика Македонија и, преку кои, може да се види практичната употреба на Методологијата за мапирање на ризици.
Општата цел на оваа методологија е да даде напатствија и пропишување на начинот и постапката на процесот на мапирање на информациите поврзани за сите елементи од процената на ризиците, со што ќе се обезбедат основни стандарди за уредување на оваа област, идентичност во сфаќањето и применувањето на постапките, како и неопходните предуслови кои треба да ги обезбеди Центарот за управување со кризи, во смисла на јакнење на општите и техничките знаења на персоналот, техничка подршка и опременост и друго.
Посебната цел на методологијата се однесува на појаснување на процесот на мапирање на посебните елементи на ризикот кои се однесуваат на податоци за идентификуваните опасности (hazards), изложеноста (exposure) на потенцијалните елемeнти на загрозување, податоци за нивната ранливост (vulnerability), како и податоци за капацитетите (ресурсите) на системот за управување со кризи кои ќе бидат употребени во функција на превенција и справување со потенцијалните ризици и надминувањ е (санирање) на предизвиканите последици
Item Type: | Monograph (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Natural sciences > Computer and information sciences Natural sciences > Earth and related environmental sciences Social Sciences > Political Science |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Jovan Ananiev |
Date Deposited: | 21 Nov 2012 18:55 |
Last Modified: | 15 May 2013 13:55 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1086 |
Actions (login required)
View Item |