Mladenoski, Ranko (2005) Збркана збирка. ЛИК, „Нова Македонија“, год.61 (20606). p. 9. ISSN 0350-4298
Preview |
Text
Ranko Mladenoski za Realnosti od Igor Krajcev.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Овој труд е рецензија (осврт) за дебитантската поетска збирка „Реалности“ од авторот Игор Крајчев објавена како самостојно издание во Велес во 2005 година. Во трудот се нагласува дека Крајчев во оваа збирка ги разместува границите меѓу животната стварност, од една, и книжевната стварност, од друга страна, па затоа велиме дека станува збор за „книжевни реалности“, односно за „животни нереалности“. Во овие стихови Крајчев, всушност, ги брише границите меѓу бројни суштински категории за човековиот живот па така во неговите песни поезијата е живот, животот е поезија, љубовта е поезија, љубовта е живот, поезијата е љубов, животот е сон, сонот е живот, сонот е љубов, љубовта е сон итн. Покрај тоа, во текстот е забележано и присуството на интертекстот во оваа поетска збирка, односно во неа ќе се сретнеме со „мрачната обвивка“ на Константин Миладинов, мразулците и истинатата соба на Блаже Конески, тркалезните форми на Петре М. Андреевски, оксиморонот на Антун Густав Матош, фаталниот меч на Шарл Бодлер, песните-слики во стилот на Гијом Аполинер итн. Во заклучокот на трудот се потенцира дека со овие стихови авторот Игор Крајчев потсетува дека и животот, како и поезијата, но и уметноста воопшто, е една голема човекова самоизмама која, сепак, својата најдлабока смисла ја наоѓа во убавините на љубовта.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 29 Aug 2014 09:12 |
Last Modified: | 29 Aug 2014 09:12 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10782 |
Actions (login required)
View Item |