Влијанието на нецаринскиот протекционизам врз глобалните трговски текови

Miteva-Kacarski, Emilija (2014) Влијанието на нецаринскиот протекционизам врз глобалните трговски текови. PhD thesis, Економски институт, Универзитет „Свети Кирил и Методиј” Скопје.

[thumbnail of Doktorska disertacija.pdf]
Preview
Text
Doktorska disertacija.pdf

Download (946kB) | Preview

Abstract

Нецаринските бариери денес се најважниот регулативен инструмент на трговската политика на многу земји, посебно на големите и развиени економии. Порастот на релативната важност на нецаринските бариери, како инструмент на трговската политика, ја наметна потребата од подобро разбирање на нивното влијание врз трговските текови. Во оваа докторска дисертација се анализираат глобалните трендови и аспекти на нецаринскиот протекционизам. При емпириското истражување користени се бројни релевантни студии, извештаи и индикатори на веродостојни институции кои ја анализираат фреквентноста и ефектите на нецаринските бариери. Во анализата се вклучени нецаринските политики и практики во Јапонија, ЕУ и САД, посебно од аспект на значајните нецарински бариери и разликите во регулативата меѓу овие земји, нецаринските бариери кои се присутни во трговијата меѓу земјите во развој и развиените земји, како и во трговијата меѓу самите земји во развој. Резултатите од истражувањето укажуваат на фактот дека придонесот на нецаринските мерки во вкупната трговска рестриктивност е значаен и се проценува дека нецаринските мерки се далеку порестриктивни во споредба со царините. Техничките стандарди и санитарните и фитосанитарните мерки како доминантни нецарински бариери имаат позитивен трговски ефект за повеќето технолошки напредни индустриски сектори, но негативни ефекти врз земјоделскиот сектор. Негативното влијание на техничките стандарди и санитарните и фитосанитарните мерки е најголемо за земјите во развој кои се јавуваат во својство на извозници. Подобрувањето на трговскиот систем во рамките на СТО ќе биде најдобар начин за заштита од трговскиот протекционизам кој преовладува во глобалното опкружување. Завршувањето на преговорите во рамките на Доха ќе биде од голема помош во корекција на имперфектностите на денешната „осигурителна полиса“ на СТО и во борбата против овој нов вид протекционизам.
Клучни зборови: нецарински бариери, трговски текови, технички стандарди, санитарни и фитосанитарни мерки.

Item Type: Thesis (PhD)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Emilija Miteva
Date Deposited: 22 Aug 2014 13:49
Last Modified: 07 Aug 2015 07:52
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10702

Actions (login required)

View Item View Item