Анализа на дискурсот поврзан со перцепцијата на студентите за печатените медиуми во Република Македонија

Dzamtoska-Zdravkovska, Suzana and Majhosev, Andon and Ananiev, Jovan (2014) Анализа на дискурсот поврзан со перцепцијата на студентите за печатените медиуми во Република Македонија. Списание на научни трудови Петта Меѓународна научна конференција «Меѓународен дијалог: Исток - Запад» (Култура, Славјанство и Економија), 1 (1). pp. 125-130. ISSN (print) 1857-9299 (online) 1857-9302

[thumbnail of mdizkse_2014_vol_1.pdf]
Preview
Text
mdizkse_2014_vol_1.pdf

Download (5MB) | Preview

Abstract

Апстракт: Дали се читаат дневните весници во Република Македонија од страна на младата популација? Колкаво е нивното влијание? Кои содржини се најчитани? Кои содржини најмногу им пречат на младите? Ова се главните прашања на кои се фокусира трудот и врз основа на кои е спроведено истражување меѓу студентите на Универзитетот “Гоце Делчев”, Штип. Трудот го поддржува фактот дека младите луѓе/студентите се свесни за значењето на информираноста и, согласно тоа, дека за состојбите се информираат преку печатените медиуми. Целта на трудот е да се претстави односот на студентите кон печатените медиуми. При истражувањето се користени дескриптивната и квантитативната анализа, индукција, дедукција и аналогија, а од истражувачките техники/алатки, користен е анкетен прашалник. Резултатите од спроведеното истражување ја потврдуваат почетната хипотеза дека младите/студентите ја знаат вредноста на информираноста. Дополнително, анализата на добиените резултати упатува на генералниот заклучок дека популарноста на печатените медиуми кај младите е присутна, но со поинаков начин на нивно следење – преку Интернет. Но, загрижувачка е констатацијата која произлегува од истражувањето, дека едни од содржините кои најретко се читаат се содржините од науката и технологијата - што остава простор за медиумско анимирање на младите во таа насока.
Клучни зборови: млади, студенти, печатени медиуми, дневни весници.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Media and communications
Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Suzana Dzamtoska Zdravkovska
Date Deposited: 21 Aug 2014 11:57
Last Modified: 21 Aug 2014 11:57
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10699

Actions (login required)

View Item View Item