Mladenoski, Ranko (2014) Деконструкција на ликот. Македонска реч, Скопје. ISBN 978-608-225-097-7
Preview |
Text
Ranko Mladenoski Dekonstrukcija na likot.pdf Download (323kB) | Preview |
Abstract
Оваа книга претставува адаптирана верзија за публикување на магистерскиот труд што беше одбранет во 2005 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје под менторство на професорот Венко Андоновски и пред тричлената Комисија во состав проф. д-р Атанас Вангелов, проф. д-р Весна Мојсова–Чепишевска и проф. д-р Венко Андоновски. Насловот на темата за магистерскиот труд беше „Семантичка дезинтеграција и морална деградација на ликот во прозата на Димитар Солев и Драги Михајловски“, а сега се објавува под модифицираниот наслов „Деконструкција на ликот“.
Книгата „Деконструкција на ликот“ содржи четири поглавја: „Теорија“, „Емпирија“, „Апликации“ и „Прилози“. Во делот „Теорија“ се елаборираат суштинските специфики на книжевниот лик како знак (семема) и како еден од базните наративни елементи при што се разработуваат наративните техники за интегрирање и дезинтегрирање на ликот како и неговите социолошки и психолошки аспекти. Во вториот дел со наслов „Емпирија“ е извршен панорамски преглед на македонската книжевно-критичка мисла во врска со ликот во прозата на Димитар Солев и Драги Михајловски. Во третиот дел („Апликации“) веќе се разработуваат конкретните манифестации на семантичка дезинтеграција и морална деградација (односно деконструкција) на ликот во прозните книжевно-уметнички дела на Димитар Солев и Драги Михајловски при што се сублимираат идентичните и различните наративни стратегии кај двајцата македонски автори. Во четвртиот дел од книгата, односно во „Прилози“, се дадени рецензиите за оваа книга од проф. д-р Весна Мојсова–Чепишевска и проф. д-р Венко Андоновски, како и „Библиографија“, „Индекс на имиња“ и „Белешка за авторот“.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 21 Aug 2014 07:44 |
Last Modified: | 21 Aug 2014 07:44 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10669 |
Actions (login required)
View Item |