Jovanov, Tamara and Temjanovski, Riste (2012) Медиумите наспроти претпријатијата - Улога во креирањето на промотивната порака и медиа планот. Зборник на трудови, „Улогата на медиумите во промовирањето на производите и услугите“. ISSN 978-608-4691-01-3
This is the latest version of this item.
Text
Final paper - 2.pdf Download (293kB) |
|
Preview |
Text
MEGJUNARODNA MARKETING KONFERENCIJA - ZBORNIK - 2012 EURM.pdf Download (9MB) | Preview |
Abstract
Пренесување на соодветна, навремена порака до целната публика е еден од клучните елементи во процесот на комуницирање со крајниот потрошувач. Промотивната стратегија на претпријатијата треба да биде креирана од стручен тим кој ги познава целните потрошувачи, визијата, мисијата и портфолиото на претпријатието, како и целта која треба да биде остварена со промотивната порака која ќе се претстави пред потрошувачите. Оттука произлегува значењето на правилниот пристап во креирањето на промотивната порака, осбено во смисол на нејзино шифрирање, избор на средството со кое ќе се пренесува, како и избор медиумот и медиа планот, односно временскиот аспект на емитувањето на пораката. Честа пракса во нашите ппретпријатија е оваа проблематика или да се остави целосно на реализација на самиот медиум или пак, истата да биде креирана од самиот сопственик или вработени кои ги немаат содветните познавања неопходни за успешна реализација на промовирањето, што резултира во оскудни пораки, со несоодветни елементи во содржината и сосема погрешно промовирани, набљудувано низ призмата на крајниот потрошувач. Трудот го анализира работењето на македонските претпријатија и медиумите од аспект на нивната поединечна инволвираност во создавањето на рекламните пораки и изработката на медиа планот за рекламирање, врз основа на лично интервју спроведено во претпријатијата и дел од македонските медиуми. Во склоп на анализата се посочуваат и предлози кои можат да помогнат во минимизирање или целосно отстранување на ваквите и слични проблеми.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business Social Sciences > Media and communications |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Tamara Jovanov |
Date Deposited: | 15 Aug 2014 07:52 |
Last Modified: | 14 Aug 2018 10:21 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10613 |
Available Versions of this Item
-
Медиумите наспроти претпријатијата - Улога во креирањето на промотивната порака и медиа планот. (deposited 26 Nov 2012 10:49)
- Медиумите наспроти претпријатијата - Улога во креирањето на промотивната порака и медиа планот. (deposited 15 Aug 2014 07:52) [Currently Displayed]
Actions (login required)
View Item |