Leontik, Marija (2013) Семантиката на турскиот суфикс -џи/-чи /-CI/ (-cı, -ci, -cu, -cü, -çı, -çi, -çu, -çü) во турскиот и во македонскиот јазик. Годишен зборник 2013 - Филолошки факултет, УГД - Штип. pp. 83-91. ISSN 1857-7059
Preview |
Text
Marija-Leontik - 2013 Zbornik Filoloski.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Македонскиот и турскиот народ живееле заедно пет века и турското влијание врз македонскиот јазик е големо. Влијанието на турскиот јазик врз македонскиот јазик може да се следи главно од 16 век до денес, во услови на успешно спроведена стандардизација на нормираниот македонски јазик.
Турскиот јазик влијаел врз морфологијата на македонскиот јазик. Влијанието на турскиот јазик врз морфолошкиот систем на македонскиот јазик се гледа особено во внесување на нови суфикси како што е -џи/-чи /-Cİ/ (-cı, -ci, -cu, -cü, -çı, -çi, -çu, -çü). Овој суфикс има зборообразувачка фукција. Пр. алваџија, бозаџија, бојаџија, гајдаџија, билетчија, бурекчија, саатчија, симитчија, килимџија и сл.
Турскиот суфикс -cı, -ci, -cu, -cü, -çı, -çi, -çu, -çü (-џи/-чи) успеа да се оддели од лексичката заемка, да стане самостоен и да добие зборообразувачка функција во македонскиот јазик. Пр. филмаџија, фудбалџија, компјутерџија, љубовџија, скапчија, сметкаџија, шегаџија и др. Во овој труд ќе се анализира семантиката на турскиот суфикс џи/-чи (-cı, -ci, -cu, -cü, -çı, -çi, -çu, -çü) во турскиот и во македонскиот јазик.
Kлучни зборови: македонски јазик, турски јазик, турски суфикс џи/-чи (-cı, -ci, -cu, -cü, -çı, -çi, -çu, -çü), семантика на џи/-чи (-cı, -ci, -cu, -cü, -çı, -çi, -çu, -çü).
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Leontik |
Date Deposited: | 10 Jul 2014 14:15 |
Last Modified: | 10 Jul 2014 14:15 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10490 |
Actions (login required)
View Item |