Pop Arsov, Petar (2013) Структурална и функционална анализа на политичките партии во Република Македонија. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
Magisterska pdf lektorirana.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Политичките партии ја имаат најголемата функција во процесот на претставување на интересите на граѓаните, креирањето на власта и регрутацијата на кадри во вршењето на јавните функции. Од големо значење за демократизацијата на политичкиот систем на Република Македонија, како и за ефикасноста во процесот на одлучување во државните институции, е организационата поставеност на политичките партии како основни фундаменти на политичкиот живот во државата. Токму оваа поставеност е предмет на анализа во овој труд и истата е направена од неколку аспекти. Тука е вклучена анализата на структурата и функционирањето на политичките партии како најважен аспект кој- што дава најрелевантни информации за тоа каква е реалната поставеност на политичките партии, каков демократски амбиент владее во нив, каков е односот помеѓу партиските акти и теориската дефинираност на партиите содржана во овие акти, од една страна, и функционирањето на партиите во пракса, од друга страна. Исто така, направена е анализа на некои други многу важни елементи коишто оставиле трага во функционирањето, а кои се содржани во севкупното делување на политичките партии во текот на периодот на плурално живеење во Република Македонија. Истражувањата се правени од декември 2011 година па сè до крајот на јуни 2012 година.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Aleksandar Tolev |
Date Deposited: | 03 Jul 2014 14:03 |
Last Modified: | 03 Jul 2014 14:03 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10418 |
Actions (login required)
View Item |