Антиоксидативни и металокомплексирачки својства на некои природни хидрокси бензокинонски соединенија

Arsevska, Eleonora (2013) Антиоксидативни и металокомплексирачки својства на некои природни хидрокси бензокинонски соединенија. Masters thesis, Goce Delcev University.

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Eleonora Arsevska.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Eleonora Arsevska.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Киноните и хидрокиноните се едни од најзастапените органски соединенија распространети во голем број растенија, а учествуваат и во важни физиолошки процеси во сите живи организми. Полифенолите, флавоните, антоцијаните и дериватите на коензим Q се соединенија што спаѓаат во групата на кинонски соединенија. Поради нивната заштитна улога кај луѓето, голем број на кинони се употребуваат како медикаменти. Хидрокиноните (т.е. редуцираните форми на киноните) се едни од најупотребуваните антиоксиданти и нивната примена во медицината главно се базира на специфичните својства што тие ги покажуваат кон разни патогени бактерии.
Во рамките на оваа магистерска работа испитувани се електрохемиските, комплексообразувачките и антиоксидантните својства на три природни хидрокси-кинонски деривати и тоа 2,3,5-trihydroxy-6-methoxy-p-benzoquinone, 2,5-dihydroxy-p-benzoquinone и Embelin. Беше покажано дека сите испитувани соединенија имаат способност силно да комплексираат јони на земноалкални метали. Покрај тоа, во серија експерименти со радикални честички беше покажано дека сите испитувани хидрокси бензокинони поседуваат умерено силни антиоксидативни својства што се споредливи со антиоксидативните способности на витамин С.
Како работни методи во оваа магистерска работа беа употребени електрохемиските техники, циклична и квадратно-бранова волтаметрија. Целта на магистерската работа е да се покаже какви се оксидативно-редукционите својства на овие соединенија и можноста за нивна потенцијална примена како антиоксидантни адитиви во храна од растително или животинско потекло.
Клучни зборови
Антиоксиданти, 2,3,5-trihydroxy-6-methoxy-p-benzoquinone, Ембелин, 2,5-dihydroxy-p-benzoquinone, цикличната волтаметрија, квадратно-бранова волтаметрија, редукција.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 03 Jul 2014 13:59
Last Modified: 03 Jul 2014 13:59
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10401

Actions (login required)

View Item View Item