Jovanovska, Silvija (2013) Комуникацијата помеѓу менаџерот (директорот) и одделенските раководители во функција на подобрување на наставата. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
Silvija Jovanovska Magistarski Trud.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Комуникацијата е темел на сите меѓучовечки односи. Да се комуницира
значи да се живее, духовно да се опстојува во социјалните односи со другите
луѓе. Таа е од исклучителна важност за сите меѓусебни односи, во сите сфери
на општественото живеење. Нејзината важност е огромна и во менаџирањето
на воспитно – образовниот процес. Менаџерите треба успешно да
комуницираат со вработените во училиштето, треба да се добри комуникатори
и успeшни мотиватори, способни да се справат со сите предизвици, да се
снајдат во непознати и проблематични ситуации, да донесуваат и
спроведуваат одлуки при решавањето на проблемите. Особено е важно да
умеат да создадат тим и клима на високи очекувања на успех, како кај
наставниците така и кај учениците.
Преку успешната комуникација и соодветниот начин на менаџирање со
училиштето, менаџерот (директорот) има задача да им обезбеди на
вработените да ги остварат целите на современото училиште. Менаџерот
(директорот) е одговорен и за соодветниот однос на организацијата кон
вработените, за ефикасноста и ефективноста во извршувањето на работните
задачи, за валоризацијата на нивниот труд и за наградувањето, за преземените
одговорности и за решавање на проблеми. Современото училиште како
организациски систем бара и современ менаџер (директор) кој ќе биде
способен да игра повеќе исклучително важни улоги во остварувањето на целта
и мисијата на училиштето. Тој треба да биде стратешки партнер, партнер за
развивање на инструменти, партнер за спроведување, контролор на
законитоста и адинистративен и операциски менаџер на вработените.
Во првиот-теоретски дел од овој труд се елаборирани прашањата кои се
однесуваат на комуникацијата во процесот на менаџирање со вработените во
современото училиште. Исто така се претставени разните улоги на директорот
(менаџерот) и нивната реализација во современото училиште.
Вториот дел го содржи методолошкиот дел на истражувањето, односно
претставен е идејниот проект низ сите етапи кои следеа како подготовка за
истражувањето.
Во третиот дел е направена квантитативна и квалитативна анализа на
истражувањето и интерпретација на добиените резултати од истражувањето.
Комуникацијата помеѓу менаџерот (директорот) и одделенските раководители во
функција на подобрување на наставата
3
Клучни зборови: комуникација, менаџер, одделенски раководители,
настава.ABSTRACT
Communication is the foundation of all human relationships. To communicate
means to live, to survive spiritually in social relationships with other people. It is of
utmost importance for all relations in all spheres of social life. Its importance is
immense and in the management of educational - education. Managers need to
successfully communicate with school employees, should be good communicators
and motivators uspeshni, able to cope with all challenges, to find their way in
unfamiliar situations and problems to make and implement decisions in solving
problems. It is especially important to know how to create a team environment and
the high expectations of success, as the teachers and the students.
Through successful communication and appropriate way of managing the
school, Manager (Director) is tasked to provide staff to accomplish the goals of
modern school. Manager (Director) is responsible for the proper relation of the
organization to employees for efficiency and effectiveness in their work, the
valorization of their effort and reward, and the responsibilities taken to resolve the
problems. Modern school as an organizational system requires modern manager
(director) who will be able to play more extremely important roles in achieving the
goal and mission of the school. He needs to be a strategic partner, partner to
develop instruments for implementing partner, controller of legality and adinistrativen
manager and operational staff.
The first-theoretical part of this paper elaborated the issues related to
communication in the management of employees in the modern school. Also
presented various roles of director (manager) and their realization in the modern
school.
The second part contains the methodological part of the research, ie, the
preliminary design is represented through all the stages that followed in preparation
for the survey ..
The third part is made quantitative and qualitative analysis of the study and
interpretation of the results of the survey.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | communication, manager, depertmental managers, improvement. |
Subjects: | Social Sciences > Educational sciences |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Dimitar Ljubotenski |
Date Deposited: | 02 Jul 2014 12:37 |
Last Modified: | 02 Jul 2014 12:37 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10368 |
Actions (login required)
View Item |