Kolevska, Monika (2013) Мануелна терапија на цервикален дел. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_monika krajno.pdf Download (4MB) | Preview |
Abstract
Мускулно-скелетниот систем претставува најголемиот конзуматор на енергија, но во исто време и најголемиот извор на болка, непријатности и намалување на способноста. Телесните дисфункции можат да бидат општи или локализирани, конкретни, или рефлекторни, акутни или хронични. За определување на болката е потребно конкретно насочување на засегната област, ткиво или структура. Задолжителен услов за адекватна мускулно-слекетна кинезитерапија е тесната врска помеѓу науката и праксата.
Цервикалниот дел од ’рбетниот столб има предиспозиција за значителни динамични и статични натоварувања поради својата голема подвижност. ‘Рбетниот столб често е трауматизиран, а повредата е значителен етиолошки фактор за вертеброгени нарушувања. Неправилното држење на телото, зголеменото статично натоварување, мускулниот хипертонус и функционалните блокади предизвикуваат намалена подвижност на цервикалниот дел, главоболка со иридација на болката кон слепоочниците, вртоглавица, чувство на вкочанетост и тежина на рамениот појас.
Предмет на оваа студија се 20 испитаника (13 жени и 7 мажи) со средна возраст 43,5 години. Добиените резултати од спроведената мануелна терапија демонстрираат нормализирање на нарушените функции на цервикалниот дел, редукција на мускулниот дисбаланс, намалување на субјективната симптоматика како и на болковата симптоматика.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | болка, кинезитерапија, хипертонус, блокада, мобилизација |
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 01 Jul 2014 12:56 |
Last Modified: | 01 Jul 2014 12:56 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10320 |
Actions (login required)
View Item |