Grkova, Roska (2013) Рехабилитација на лица со мозочен удар со помош на рефлексологија и акупресура. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_Специјалистички труд - Роска Гркова..pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Крварење во мозокот (haemorrhagia cerebri) – преставува излив на крв во здраво мозочно ткиво што се манифестира со апоплексичен напад. Спаѓа во едно од почестите заболувања, на кое повеќе се подложени мажите отколку жените и се јавува најчесто после педесетата година. Прскањето на ѕидовите на артериите се случува почесто кај луѓе со висок крвен притисок, доколку артериите веќе ја изгубиле својата еластичност. Од количината и локализацијата на крварењето зависат и симтомите на заболувањето.
Основните симптоми започнуваат со блага отрпнатост на дел од екстремитетите или на два екстремитети на едната страна, до помало нарушување во говорот, потполна одземеност на едната страна од телото (хемиплегија) и потполна неможност за говор. Симтомите може да настанат постепено за неколку часа или дена, или наеднаш и ненадејно да доведат до потполно губење на свеста.
Прогнозата зависи од инензитетот и локализацијата на крварењето. Околу 40% од случаите завршуваат летално, но може да дојде и до потполно излекување.
Физикален третман – изборот на физикалните процедури зависат од состојбата на болниот и степенот на неговото заболување. Најчесто се користат:
кинезитерапија, различни видови на вежби (пасивни, активно подпомогнати, активни или активни со отпор);
хидротерапија во када или базен со вежби и подводна масажа;
алектротерапија и
акупресура и рефлексологија.
Во согласност со теоријата за современата медицина, кинеската традиционална масажа ги опфаќа профилактичките методи и методите на лекување. Преку директно или индиректно биостимулирање се регулира функцијата на нервниот систем, со што се подобрува локалното крвоснабдување,
5
се подбрува метаболизмот и влијае врз веќе заболените или повредени ткива и органи. Со помош на масажата се дразнат екстрарецепторите и се развива локална реакција, која преминува во сегментарна, сѐ додека не стане општа за целиот организам. На тој начин се отстранува заморот и се зајакнува имунитето на организмот.
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 01 Jul 2014 12:51 |
Last Modified: | 01 Jul 2014 12:51 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10310 |
Actions (login required)
View Item |