Влијанието на алкохолот врз метаболизмот на масти кај алкохоличари

Ivanoska, Vasilka (2014) Влијанието на алкохолот врз метаболизмот на масти кај алкохоличари. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_magisterska......pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_katerina.hadzivasile_Desktop_magisterska......pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Во општа употреба,зборот алкохол најчесто се однесува на етанол, познат и како зрнест алкохол (направен од житни растенија), или пак на било кој пијалок кој содржи етанол. Последица на ова значење е терминот алкохолизам (зависност од алкохол).
Алкохолизмот или алкохолната зависност претставува хронична болест позната по потребата од консумирање на алкохол. Луѓето кои страдаат од ова заболување се познати како алкохоличари.
Алкохолизмот претставува широк поим кој ги опфаќа проблемите со алкохолот и овој термин генерално се користи за да се назначи ефектот од неконтролираното и незапирливо консумирање на алкохолни пијалоци кое што доведува до проблеми со здравјето, работата, социјалната положба и семејството. Големината на дозата на алкохол и времетраењето на алкохолната зависност се во директна врска со клиничката слика на алкохолната зависност. Во испитувањето беа вклучани 92 испитаници од двата пола кои се евидентирани како зависници од алкохол, на возраст од 15-70 години поделени според должината на периодот на зависност. Беа правени и испитувања на група од лица кои не се алкохоличари и тоа на 50 испитаници кои се водени како контролна група. Беа направени четири групи на испитувани лица. Алкохплната зависност беше сврзана со повисоки вредности за концентрацијата на испитуваните аналити и за кинетичката активност на ензимите.
Контролната група ја сочинуваат 50 здрави испитаници, со уредни лабораториски наоди, со хомогена дистрибуција на пол и возраст во однос на испитуваните пациенти.Прва група ја сочинуваат 50 испитаници кои консумираат алкохол само неколку години. Втора група се испитувани 20 зависници кои подолг временски период консумираат алкохол. Трета група беа испитувани 5 зависници од алкохол кои се во фаза на апстиненција.
Четврта група се 17 поранешни , лекувани зависници од алкохол.
Нашите сознанија укажуваат дека одредувањето на концентрацијата на мастите во организмот како и на некои специфични ензими овозможува проценка на влијанието на алкохолот врз здравјето на човекот кој е зависен од алкохол. Сето ова укажува дека алкохолната зависност како дијагноза треба да се сфати сериозно и со самото тоа и адекватно да се лекува со цел на понатамошно изградување на здрава индивидуа.
Клучни зборови: алкохолна цироза, дислипидемија, холестерол, триглицериди

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 01 Jul 2014 07:49
Last Modified: 01 Jul 2014 07:49
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10285

Actions (login required)

View Item View Item