Kamceva, Gordana (2013) Влијание на применетиот терапевтски третман врз раниот клинички тек кај пациенти со акутен миокарден инфаркт со СТ-сегмент елевација од источниот регион на Република Македонија (втор дел). Medicus, informativen glasnik na javnoto zdravstvo - Stip, 8 (17). ISSN 1857-5994
Preview |
Image
medicus 2.jpg Download (8MB) | Preview |
Preview |
Text
medicus 2.pdf Download (9MB) | Preview |
Abstract
Мотив за истражување:
Основниот мотив за истражување и изработка на трудот е да се подобри свесноста на лекарите за значењето на правилниот избор на третман (со фармакоинвазивна терапија) и оптимизирање на времето до третманот кај пациентите со СТЕМИ, со цел да се намали морталитетот кај ваквите пациенти.
Цели на истражувањето:
1. Да утврдиме колку од пациентите со акутен миокарден инфаркт со СТ-сегмент елевација добиваат активна реперфузиона терапија (фармаколошка или механичка) според новите препораки од Европското кардиолошко здружение.
2. Да утврдиме какво е влијанието од применетиот терапевтски третман врз раниот клинички тек и исход кај пациенти со акутен миокарден инфаркт со СТ-сегмент елевација од источниот дел на Р.Македонија.
Методологија на истражувањето:
Во истражувањето беа вклучени 543 пациенти со дијагностициран акутен инфаркт на миокардот со СТ-сегмент елевација (СТЕМИ) во период од три години (2008-2010год) за кои постои комплетна медицинска документација, кои потекнуваат од градовите во источниот регион на Р. Македонија (Берово, Виница, Делчево, Радовиш, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Свети Николе и Штип)
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Gordana Kamceva |
Date Deposited: | 27 Jun 2014 14:13 |
Last Modified: | 27 Jun 2014 14:13 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10254 |
Actions (login required)
View Item |