Kamceva, Gordana (2012) Влијание на применетиот терапевтски третман врз раниот клинички тек кај пациенти со акутен миокарден инфаркт со СТ-сегмент елевација од источниот регион на Република Македонија (прв дел). Medicus, informativen glasnik na javnoto zdravstvo - Stip, 7 (15). ISSN 1857-5994
Preview |
Image
medicus 1.jpg Download (5MB) | Preview |
Preview |
Text
medicus 1.pdf Download (9MB) | Preview |
Abstract
ВОВЕД
Коронарната артериска болест, со нејзината доминантно препознатлива акутна клиничка манифестација – Акутниот миокарден инфаркт, продолжува да биде водечка причина за смрт во развиените, но уште повеќе во транзициските и земјите во развој. Во 2000 година, кардиоваскуларните заболувања се причина за смрт на >4 милиони луѓе во Европа и тоа 43% од сите причини за смрт кај мажи и 55% кај жени, со значаен дел кој припаѓа на акутниот инфаркт на миокардот.Се предвидува дека миокардниот инфаркт до 2020 година ќе биде главна причина за смрт во целиот свет.
Според препораките на Европското кардиолошко здружение, дијагнозата и третманот на акутен миокарден инфаркт со СТ сегмент елевација (СТЕМИ) може да се подели на четири фази:
1.Прв контакт со лекар и ургентен третман/тријажа на пациентите
Оптимален третман на СТЕМИ треба да се базира на имплементација на Систем за ургентна медицина (СУМ) кој има супервизија врз мрежата на болници со различно ниво на технологија, конектирани со ефикасен амбулантен сервис.
Слика 1. Прехоспитална тријажа на СТЕМИ пациенти, адаптирана од: European Heart Journal (2008) 29, 2909–2945)
2.Прехоспитален и ран хоспитален третман (иницијација на активна реперфузиона терапија - фармаколошка или механичка)
Кај пациентите со клиничка презентација на СТЕМИ во првите 12 часа од појава на симптомите и со перзистентна СТ сегмент елевација или (сомнеж за) нов блок на лева гранка, треба да се даде што е можно побргу активна реперфузиона механичка (ПКИ) и/или фармаколошка терапија.
Под активна реперфузиона терапија (фармаколошка и/или механичка) се подразбира изведување на терапевтски мерки и активности чија цел е воспоставување на коронарен крвен проток во оклудираната артерија одговорна за инфарктот.
Различни реперфузиони стратегии се прикажани на слика 2, адаптирана од: European Heart Journal (2010)31, 2501–2555.
Примарна ПКИ (пПКИ) треба да се направи во тек на првите 2 часа (<120 минути) од првиот контакт со лекар (ПКЛ) кај сите пациенти, кај оние кои директно ги презентирале симптомите во способен центар за изведување на перкутани коронарни интервенции и кај оние кои ги презентирале симптомите во не-способен центар и биле веднаш транспортирани во способен центар за изведување на ПКИ. Кај пациенти кои рано побарале лекарска помош, со голем процент на вијабилен миокард и мал ризик од крварење, треба да се направи побргу ПКИ (<90 минути).
пПКИ треба да се изведе и кај сите пациенти кај кои е контраиндицирана фибринолитична терапија независно од временското одлагање.
За пациенти кај кои времето од првиот контакт со лекар е подолго од 2 часа, треба да се започне со фибринолитична терапија и веднаш транспорт до способен центар за изведување на ПКИ. Доколку фибринолитичната терапија е неуспешна треба да се направи спасувачка ПКИ во рок од 12 часа, а при успешна фибринолитична терапија да се направи коронарна ангиографија 3-24 часа од првиот контакт со лекар, но не порано од 3 часа од почетокот на фибринолизата.
3. Понатамошен хоспитален третман што се однесува на компликациите и нивните последици
4. Иницијација на мерки за секундарна превенција пред испис од болница
Секундарната превенција треба да биде индивидуална за секој пациент посебно, во зависност од објективните наоди и збиднувања во тек на акутната фаза на инфарктот, од присуството/отсуството на ризик факторите, поднесувањето на одредени медикаменти, видот на употребените реваскуларизациони процедури во текот на хоспитализацијата.
Пациентите со некомплициран СТЕМИ можат да бидат испишани од болница по 5 дена, оние кои се третирани со ПКИ со низок ризик и отсуство на компликации можат да бидат испишани по 3 дена од интервенцијата. Пациентите со комплициран СТЕМИ се задржуваат подолго време во болница.
Избор на третман на СТЕМИ во Европа
Третманот на СТЕМИ пациентите варира значително во Европа со многу можности за подобрување на третманот, особено во Јужна Европа и на Балканот.Студија на Widimsky et al.ги објавила ретроспективно собраните податоци од 30 држави во Европа, за изборот на реперфузиона терапија кај СТЕМИ пациентите.
Годишната стапка на прием во болница за било кој акутен миокарден инфаркт (АМИ) кај овие земји се движи помеѓу 90-312/100 000 жители/годишно и инциденцата на болнички приеми само за СТЕМИ се движи меѓу 44-142/100 000 жители/година. Со други зборови, годишната стапка на приеми во болница за АМИ во Европа е околу 1900 пациенти на милиони жители, со инциденца на СТЕМИ од околу 800 на милион жители.
Тие откриле дека примарната ПКИ стратегија ја преферирале за третман кај СТЕМИ пациентите. Северна, Западна и Централна Европа имаат веќе добро развиени примарни ПКИ услуги, нудејќи примарна ПКИ третман кај 60% до 90% од сите СТЕМИ пациенти, но Јужна Европа и на Балканот се уште претежно се користи тромболизата и поради тоа поголем дел од пациентите се оставени без реперфузионен третман, главно поради контраиндикации за тромболиза.
Резултатите покажаа дека пПКИ беше доминантна реперфузиона стратегија во 16 земји и тромболиза во 8 земји.
Слика 3. Процентуален однос меѓу одделни земји во Европа во однос на третманот на СТЕМИ.Адаптирана од: European Heart Journal (2010)31, 943–957
Интрахоспиталниот морталитет од сите последователни СТЕМИ пациенти варира помеѓу 4,2% и 13,5%. Опсегот е 3,5% до 14% кај пациентите третирани со тромболиза и 2,7% до 8% за пациенти кои биле третирани со ПКИ.
Од студијата на Widimsky et al. за Република Македонија за период 2007-2008 година, можеме да ги согледаме следните податоци кои не се целосни:Вкупно 3 способни објекти за изведување на ПКИ, кои работат 24/7 во неделата се достапни на пациентите со СТЕМИ, со број на хоспитализации 1767/годишно односно 86 на милион жители. Вкупен број на сите ПКИ услуги се 2516 годишно од кои само за пПКИ за СТЕМИ пациентите се 981 (38%). Вкупниот морталитет од СТЕМИ за тој период изнесувал 4 за пПКИ, а за фибринолиза 11 пациенти.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Gordana Kamceva |
Date Deposited: | 27 Jun 2014 14:09 |
Last Modified: | 27 Jun 2014 14:09 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10252 |
Actions (login required)
View Item |