Влијание на применетиот терапевтски третман врз раниот клинички тек кај пациенти со акутен миокарден инфаркт со СТ- сегмент елевација од источниот регион на Република Македонија

Kamceva, Gordana (2011) Влијание на применетиот терапевтски третман врз раниот клинички тек кај пациенти со акутен миокарден инфаркт со СТ- сегмент елевација од источниот регион на Република Македонија. Masters thesis, Univerzitet "Sv.Kiril i Metodij", Medicinski fakultet Skopje.

[thumbnail of Magisterski trud.pdf]
Preview
Text
Magisterski trud.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Коронарната артериска болест, со нејзината доминантно препознатлива акутна клиничка манифестација – Акутниот миокарден инфаркт, продолжува да биде водечка причина за смрт во развиените, но уште повеќе во транзициските и земјите во развој. Дури 30% од годишната смртност на глобално ниво се должи на кардиоваскуларен морталитет, а значаен дел од него е морталитетот кој се јавува при акутен инфаркт на миокардот. Се предвидува дека до 2020 година ќе биде главна причина за смрт во целиот свет. (1,2)
Миокардниот инфаркт преставува огромен општествен проблем, од медицински, социјален и економски карактер. Тој инволвира значаен медицински проблем, од аспект на што порана дијагноза и третман на болеста. Од друга страна, овие постапки вклучуваат современи и скапи терапевтски постапки, вклучително и постапка на повторно воспоставување на протокот во “инфарктната артерија” со перкутани коронарни интеревентни процедури. Во подоцнежната фаза секундарната превенција, лекувањето, потребата од хируршка миокардна реваскуларизација (која се јавува како нужност кај дел од пациентите) и медицинската рехабилитација претставуваат значаен економски товар, кој уште повеќе се зголемува доколку се знае дека овие пациенти имаат долги боледувања и предвремено пензионирање. Социјалниот момент е уште позначаен ако се надодаде фактот дека голем дел од овие пациенти имаат потреба и од социјална рехабилитација во периодот кој следува по акутната фаза на болеста. (3)

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Gordana Kamceva
Date Deposited: 27 Jun 2014 13:17
Last Modified: 27 Jun 2014 13:17
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10237

Actions (login required)

View Item View Item