Ruskovska, Tatjana and Bosnakovski, Darko and Sumanov, Gorgi and Milev, Mishko and Danilova, Marina (2014) Оксидирани протеини кај пациенти на хемодијализа – влијание на суплементацијата со витамин Ц. [Project] (Unpublished)
Preview |
Slideshow
Проект.pdf Download (329kB) | Preview |
Abstract
Вовед: Голем број клинички истражувања потврдиле дека оксидативниот стрес кај хемодијализните болни е редовно присутен и силно изразен. Ваквата состојба на нарушен редокс баланс лежи во основата на бројни коморбидитети кај овие пациенти и претставува една од причините за нивното високо ниво на смртност. Недостатокот од витамин Ц, кој се јавува како последица на специфичниот режим на исхрана, како и на неговиот губиток во текот на самата постапка на хемодијализа, е особено честа појава кај овие пациенти која додатно го влошува и онака неповолниот оксидативен статус.
Цел на истражувањето: Основната цел на предложениот научно-истражувачки проект е да се истражи степенот на оксидативен стрес кај хемодијализните болни во функција на нивната суплементација со витамин Ц, со акцент врз нивото и видот на оксидирани серумски и еритроцитни протеини.
Пациенти и методи: Во истражувањето ќе бидат вклучени пациенти од центрите за хемодијализа од источниот дел на Република Македонија. Примероци од крв за анализа ќе бидат земани пред самиот почеток на постапката за хемодијализа, како и веднаш по нејзиното завршување. Ќе биде одредено: а)нивото на вкупни (анти)оксиданси со хемиски методи, б)нивото на оксидирани протеини со ензимско-имунохемиска метода и в)нивото на специфични оксидирани протеини со Western blot метода. Освен тоа ќе бидат анализирани и резултатите од стандардните клиничко-биохемиски испитувања кои редовно се вршат кај овие пациенти, како и податоците од нивните истории на болеста.
Очекувани резултати: Од ова истражување очекуваме да добиеме значајни податоци за оксидацијата на серумските и еритроцитните протеини кај хемодијализните болни кои ќе ни дадат подобар увид во патогенезата на дел од коморбидитетите во чија основа се наоѓа нарушениот редокс баланс.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Tatjana Ruskovska |
Date Deposited: | 27 Jun 2014 13:12 |
Last Modified: | 21 Jan 2020 12:37 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10222 |
Actions (login required)
View Item |