Skaric, Svetomir and Apasiev, Dimitar and Patchev, Valdimir (2008) Спорот за името - Грција и Македонија. ЈП „Службен Весник на Рeпублика Македонија“, Skopje, Republic of Macedonia. ISBN 978-9989-617-78-2
Text
СПОРОТ ЗА ИМЕТО - Грција и Македонија.pdf Download (9MB) |
Abstract
Структуролошки гледано, оваа обемна книга е составена од: предговор, вовед, три дела и регистар на лични имиња. Во Предговорот се објаснува настанувањето на студентскиот проект, условите под кои тој е правен и целите што треба да се постигнат со него. Пред воведот се дава Листа на учесниците во проектот, содржината на книгата, како и кратенките содржани во текстот. Од Воведот извира привлечноста на името „Македонија“ за студентскиот ум и нивната желба да и помогнат на својата земја. Првиот дел ги опфаќа историските, културолошко-политичките, комерцијалните и правните аспекти на предметот на спорот. Вториот дел ја опфаќа анализата на предлозите за името и прашањата поврзани со војната во Македонија (2001) година. Тие се поделени на повеќе оддели. Секој оддел содржи изворни текстови, есеи и разговори (интервјуа). Текстовите ги осветлуваат аспектите на спорот, есеите ги содржат студентските погледи, а интервјуата ги продлабочуваат сознанијата за одделни прашања, преку жив разговор и опис на соговорникот и на неговиот однос кон темата. Третиот дел ги содржи документите релевантни за спорот со името и грчкото вето на Самитот на НАТО во Букурешт (2008). Тие се подредени хронолошки, во временска серија од 1913 до 2008 година (од Букурешт до Букурешт). Регистарот на лични имиња (Index personarum) содржи околу 560 личности инволвирани во текстот на книгата. Книгата е во функција на академско разбирање на младите луѓе кои сакаат да живеат и да се развиваат како граѓани на Обединета Европа. Поради тоа, на 23 април 2008 година, Наставно-научниот совет на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со посебна Одлука бр.02-300/6 (5.V.2008), го одобри печатењето на оваа книга.
Item Type: | Book |
---|---|
Additional Information: | COBIS.MK-ID 72425738 |
Uncontrolled Keywords: | Спор за името, Грција, Македонија, Обединети Нации, Времена спогодба, НАТО, ЕУ |
Subjects: | Social Sciences > Law Social Sciences > Other social sciences Social Sciences > Political Science |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Dimitar Apasiev |
Date Deposited: | 16 Nov 2012 09:56 |
Last Modified: | 06 Dec 2012 11:06 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1015 |
Actions (login required)
View Item |