За живото дело на Димитар Митрев

Mladenoski, Ranko (2006) За живото дело на Димитар Митрев. Современост, 54 (1). pp. 23-27. ISSN 0038-5972

[thumbnail of Ranko Mladenoski za Dimitar Mitrev.pdf]
Preview
Text
Ranko Mladenoski za Dimitar Mitrev.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Трудот е осврт кон книгата со наслов „Димитар Митрев, живо дело“ од академик Катица Ќулавкова објавена во 2004 година од издавачката куќа „Ѓурѓа“ од Скопје, но истовремено овој текст претставува и одбележување на триесетгодишнината од смртта на Митрев, еден од основоположниците на македонската книжевно-критичка мисла кај нас по Втората светска војна. Во трудот најнапред се наведуваат сегментите од кои се состои книгата на Ќулавкова за Митрев: Предговор на Ќулавкова; текстови од Митрев класифицираните во три поглавја – „Критика на критиката“, „Критиката како теорија“ и „Критиката како интерпретација“; Речник на специфични термини; Биографија на Митрев; Ликовни прилози за Митрев; Селективна библиографија на објавените трудови на академик Димитар Митрев подготвена од Лилјана Ристевска. Потоа во трудот детално се опишува структурата на посебните делови од книгата на Ќулавкова. Така, на пример, во предговорот академик Ќулавкова се осврнува на значењето на делото на Митрев за македонската културна историја, а се даваат и сведоштва за Митрев од неговите современици како што се Харалампие Поленаковиќ и Блаже Конески. Во продолжение на трудот се елаборираат суштинските елементи на текстовите од Митрев што се приложени во оваа книга, а во заклучокот се нагласува дека Димитар Митрев е меѓу најзаслужните наши дејци за забрзаниот развој на македонската книжевност и особено на македонската книжевна критика.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 19 Jun 2014 10:40
Last Modified: 19 Jun 2014 10:40
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10139

Actions (login required)

View Item View Item