Книга од душата за душата

Mladenoski, Ranko (2006) Книга од душата за душата. Современост, 54 (2). pp. 132-135. ISSN 0038-5972

[thumbnail of Ranko Mladenoski recenzija za Klincarova.pdf]
Preview
Text
Ranko Mladenoski recenzija za Klincarova.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Овој труд претставува рецензија (осврт) за книгата „Дваесет и еден грам“ од Снежана Клинчарова објавена од издавачката куќа „Македонска ризница“ од Куманово во 2006 година. На почетокот од трудот се наведуваат основните структурни делови на книгата, а тоа се: „Уводници“, „Интервјуа“ и „Македонски приказни од Мијачијата“. Уводниците се, всушност, текстови што Клинчарова ги објавувала во неделниот весник „Македонско сонце“ во рубриките „Сито и решето“ и „Осмиот ден“. Во книгата „Дваесет и еден грам“ се објавуваат и три интервјуа и тоа со поранешниот претседател на Република Македонија, покојниот Борис Трајковски, со проф. д-р Бранислав Саркањац и со проф. д-р Никос Чаусидис. Во третиот дел од книгата со наслов „Македонски приказни од Мијачијата“ Клинчарова се зафаќа со опишување на особеностите на мијачкото племе, на кое и самата му припаѓа – обичаи, традиции, места, историја, познати Мијаци кои оставиле длабоки траги во македонското минато. Во заклучокот се наведува дека книгата „Дваесет и еден грам“ од Снежана Клинчарова покажува дека авторката е сериозен аналитичар и набљудувач на актуелните состојби во нашата држава, а истовремено успеала да изгради мостови меѓу минатото, сегашноста и иднината на Македонија.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 19 Jun 2014 10:39
Last Modified: 19 Jun 2014 10:39
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10135

Actions (login required)

View Item View Item