Mladenoski, Ranko (2006) Функциите на фуснотите во македонската книжевност. Портал, VI (19-20). pp. 55-60. ISSN 1409-9713
Preview |
Text
Ranko Mladenoski fusnoti vo mak knizevnost Portal.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Овој труд претставува преглед на улогата на фуснотите како маргинален уметничко-литературен елемент во дела од македонската книжевност. Прво, во трудот се нуди дефиниција за поимот „фуснота“ и се образложува нејзината функција и улога во научните и во стручните трудови. Потоа, се укажува на фактот дека фуснотата, сепак, се употребува и во книжевно-уметнички текстови при што се изделуваат два вида фусноти: прво, фусноти кои вршат метајазична функција, односно кои имат речничка (лексиконска) или енциклопедиска улога; второ, фусноти коишто се јавуваат како составен дел на раскажувачката структура на едно дело, односно фусноти кои вршат функција на наративни единици. Овие два вида фусноти во книжевноста се илустрираат преку примери од македонската книжевност и тоа во поезијата на Константин Миладинов, во романот „Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски, во драмата „Лет во место“ од Горан Стефановски, во поезијата на Светлана Христова–Јоциќ, во поемата „Карпа жива“ од Перица Сарџоски (за првиот вид фусноти), во расказите „Фрески и гротески“ од Венко Андоновски, во расказите на Борис Вишински и Блаже Миневски, како и во поезијата на Гане Тодоровски (за вториот вид фусноти). Во заклучокот од трудот се потенцира дека фуснотата има мошне значајна улога во македонската книжевна продукција, како и тоа дека нејзината примена означува креативност и повеќезначност во македонското литературно творештво.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 19 Jun 2014 10:39 |
Last Modified: | 19 Jun 2014 10:39 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10131 |
Actions (login required)
View Item |