Zlatanovska, Katerina and Ertekin, Ebru and Gosevska, Marija (2014) Корелација помеѓу формата на максиларниот алвеоларен лак и обликот на лицето. In: 21ви Меѓународен научен студентски конгрес, 9-11 May 2014, Охрид, Р.Македонија.
Preview |
Text
__fileserver_userfiles$_katerina.zlatanovska_Desktop_Korelacija studentski kongres.pdf Download (667kB) | Preview |
Preview |
Text
Apstract book Ohrid 2014.PDF - Published Version Download (26MB) | Preview |
Abstract
Цел: Целта на оваа студија беше да се испита постоењето на евентуална корелација помеѓу морфологијата на максиларниот алвеоларен лак и обликот на лицето кај машки и женски студенти при Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип.
Материјали и метод: Дигитални фотографии од лицето и гипсени модели од горната вилица на 105 студенти по стоматологија (71 женски и 34 машки) со возраст помеѓу 18 и 27 години беа вклучени во оваа студија. Сите индивидуи беа без значајни нарушувања на оклузијата и без претходни ортодонтски третман. Обликот на лицето и на алвеоларниот лак беа анализирани од страна на 3 доктори (двајца протетичари) кои ги класифицираа фотографиите и гипсените модели со помош на визуелни критериуми согласно на методот по Вилијамс, каде разликуваме 3 главни форми - овална, триаглеста и квадратеста.
Резултати: Најзастапена форма за обликот на лицето е квадратеста кај машките и овална кај женските студенти, додека пак доминантна форма на максиларниот лак е овална и кај двата пола.
Заклучок: Прелиминарните резултати кои се базираат на иницијалното пилот испитување на дел од испитаниците укажуваат дека не постои корелација помеѓу обликот на лицето и формата на максиларниот лак кај индивидуи со нормална оклузија.
Клучни зборови: максиларен лак, лице, морфологија
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Zlatanovska |
Date Deposited: | 20 Jun 2014 11:03 |
Last Modified: | 20 Jun 2014 11:03 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10124 |
Actions (login required)
View Item |