Душата на беровската чалгија

Janevski, Vladimir and Cicakovski, Timko (2012) Душата на беровската чалгија. [Image] (Unpublished)

[thumbnail of izlizba 1.JPG]
Preview
Image
izlizba 1.JPG

Download (1MB) | Preview
[thumbnail of izlozba 2.JPG]
Preview
Image
izlozba 2.JPG

Download (1MB) | Preview
[thumbnail of BEZISTEN 1.JPG]
Preview
Image
BEZISTEN 1.JPG

Download (4MB) | Preview
[thumbnail of BEZISTEN 2.JPG]
Preview
Image
BEZISTEN 2.JPG

Download (3MB) | Preview
[thumbnail of BEZISTEN 3.JPG]
Preview
Image
BEZISTEN 3.JPG

Download (4MB) | Preview

Abstract

Балканскиот Полуостров е мост и крстопат каде се сретнуваат најразлични култури и влијанија, кои оставиле трага и до денес, како во матерјалната, така и во духовната култура на народите. Гледајќи ја географската местоположба на Балканот, тој отсекогаш бил ветрометина на разни културни движења. Една таква крстосница била и малата гардска населба Берово во источниот дел на Македонија, во која не заостанувало по многу нешта од околните поголеми градски центри.
Се претпоставува дека чалгиските оркестри во Берово се формирале кон срдината на XIX век. Со појавата на градските центри и чалгиските оркестри, се појавуваат и врвни талентирани музичари кои оставаат белег во времето на своето живеење, но и во генерациите што доаѓаат да зборуваат за нив. Беровските чалгиски музички дејци несомнено оставиле огромно богатство кое во времето на нивното постоење успевале да го создадат, интерпретираат и пренесат на помладите генерации. За потврда дека Берово создало талентирани музичари е и податокот дека во крајот на XIX и почетокот на XX век во Берово постоеле неколку музички чалгиски тајфи. Во овој момент би сакале да ги споменеме имињата на врвните чалгаџии во Берово, како што се: Данчо Рунтевски, Васил Кафтански, Коста Клинчарски, Ѓорѓи Чиплаковски, Вано Биковски, Киро Рунтевски, Ефтим Мановски, Герасим Рунтевски, Паис Ролевски, Милан Рашковски, Методи Рунтевски, Глигор Скендерски, Ѓорѓи Поп-Ѓорѓиев.
Во чалгиските тајфи во Берово најзастапени инструменти биле: кларинетот, многу попознат под името кварне, исто така се користеле и виолините, кои многу често се изработувани и своерачно од самите чалгаџии. Од жичаните инструменти се сретнуваат: примот, разните тамбури, контрата, а како придружен ударен инструмент главното место му припаѓа на дарјето.

Item Type: Image
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Vladimir Janevski
Date Deposited: 20 Mar 2014 14:55
Last Modified: 20 Mar 2014 14:55
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9561

Actions (login required)

View Item View Item