Ilievski, Mite (2014) Житни растенија - рецензирана скрипта. ISBN 978-608-244-002-6.
Full text not available from this repository.Abstract
Предметот Житни растенија е дел од научната дисциплина Специјално поледелство која ги проучува теоретските основи и ја разработува производната технологија во растителното производство на култивираните житни растенија за добивање на високи, стабилни, рентабилни и квалитетни производи.
Издвојувањето на овој предмет, пред сѐ, е од педагошка гледна точка. Во оваа наставна дисциплина се вклучени сите житни растенија кои имаат исклучителна намена за исхрана на човекот и домашните животни. Од над 100 најразлични нивски растенија, кои се од особен интерес за растителното производство, во овој ракопис се опфатени 11 растенија од групата на зрнесто-скробните култури или уште познати како жита и тоа:
1. Пченица – Triticum sp. L.,
2. Јачмен – Hordeum sativum L.,
3. ‘Рж – Secale cereale L.,
4. Овес – Avena sp. L.,
5. Тритикале – Triticosecale sp.,
6. Ориз – Oryza sativa L.,
7. Пченка – Zea mays L.,
8. Сирак – Andropogon sorghum L.,
9. Просо – Panicum sp. L.,
10. Канарска трева – Phalaris canariensis L. и
11. Елда – Fagopyrum esculentum L.
Оваа наставна дисциплина ги поврзува сите сознанија од областа на морфологијата, биологијата и агротехниката на житните растенија, но и сознанијата од другите сродни науки.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Mite Ilievski |
Date Deposited: | 19 Mar 2014 10:14 |
Last Modified: | 07 Apr 2015 13:36 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9498 |
Actions (login required)
View Item |