Dambov, Risto (2013) Дупчење и минирање. Универзитет „Гоце Делчев“, Штип. ISBN 978-608-4708-62-9
Preview |
Text
Dup i min - KOMPLET.pdf Download (25MB) | Preview |
Abstract
Денес во светот и кај нас, се добиваат големи количества на корисни минерални суровини со примена на современи техники во рударството, кое не може да се замисли без дупчење и соодветно минирање на цврстите карпести маси.
Со оглед дека но овие наши простори и на наш македонски јазик, не постои соодветен учебник од оваа високо стручна област, со издавањето на оваа книга се заокружува и збогатува целина која опфаќа една од најзначајните, најтешките и опасни рударски операции како што се дупчењето и минирањето.
Оваа книга е напишана според наставната програма по истоимениот предмет кој се слуша во III (трета) година на рударскот оддел како задолжителен предмет според новата студиска програма за 2013/2014 година.
Со оглед на фондот на часови по овој предмет, материјата што е пред Вас во многу поглавја е скратена, делумно објаснета, а некои, според мене, незначајни теориски поставки се комплетно исфрлени.
Книгата првенствено е наменета за студентите по рударство, а можат да ја користат студентите од рударскиот оддел во сите студиски години како главен учебник по истоимениот предмет, како и за дополнување на знаењата по одделни предмети сродни со истоимениот предмет.
Исто така, оваа книга корисно ќе послужи и на рударските инженери во пракса, и на сите останати сродни инженерски струки кои ја применуваат техниката на дупчење и минирање (градежништво, шумарство и др.) .
Примената на енергијата на експлозивите во стопански цели, претставува значаен придонес во стопанскиот развој на човештвото. Примената на експлозивите во рударството почнало во ЏВИИ-от век и оттогаш доживува динамичен развој во поглед на составот и карактеристиките на експлозивите, нивното производство и правилната употреба.
Експлозивните материи се први вештачки создадени енергетски горива или енергетски извори кои човекот почнал да ги користи, а енергијата на експлозивите како прв облик на енергија измислен од човековиот ум, која после оганот т.е. енергијата на цврстите горива, почнала да се користи во стопанството.
Примената на енергијата на експлозивите во основа и по форма има деструктивен, разурнувачки карактер. Првата примена на експлозивите во историјата на човештвото имала ист таков карактер, односно примена за воени цели. За жал, и ден денес примена на експлозивите за воени цели и енергијата од експлозиите, сè повеќе се развива и усовршува.
Задоволувањето на постојано растечките човекови потреби за производи при овие делувања, е незамисливо без корисна и контролирана примена на енергијата за чија цел постојат развиени таканаречени стопански експлозиви. Такви делувања се применуваат во пооделните стопански гранки како што се: рударството, градежништвото, земјоделството, шумарството, водостопанството итн.
Дробењето на карпите со експлозив оттогаш значајно се усовршувало, така да скоро исчезнале негабаритите т.е. парчињата поголеми од димензиите на багерските корпи. Усовршени се и средствата и методите на минирање. Поставени се модели и софтверски програми за прогноза на гранулацијата на изминираната маса. Би можело да се каже дека денес се развиени теоретските услови за попрецизно дефинирање на рационалниот степен на дробење за соодветна примена на дисконтинуирана или комбинирана технологија на откопување и примарно дробење.
Масовните минирања на површинските копови создаваат и еколошки проблеми. Масовните и специјалните минирања често предизвикуваат неприфатливи влијанија за околината (потреси, воздушни удари, големи звучни ефекти, летечки ситни парчиња со недефинирани траектории, гасови итн.).
Современата теорија и технологија на минирањето наметнува потреба за адекватна заштита од сеизмичките потреси во поблиската околина со висок интензитет. Проблемите во овој дел можат да се поврзат и решаваат со познавањето и дефинирањето на нормите и методите за контрола на минирањето на конкретни локалитети.
Зачувувањето на стабилноста на косините од неповолното влијание на минирањата прераснува во сé поголем проблем во современите големи површински копови а пред сé кога копот е со тенденција за развој и продлабочување во длабочина. Истовремено, треба да се задоволат и строгите критериуми на стабилност на косините и сигурноста при работата на подолните етажи.
Овој проблем не е доволно детално теориски изучен, ретко се применува методологија на примена на соодветни методи на минирање во такви услови, при што би се овозможила заштита и стабилност на постојните и новосоздадени косини на површинските копови.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Civil engineering Engineering and Technology > Materials engineering Engineering and Technology > Mechanical engineering Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Risto Dambov |
Date Deposited: | 11 Mar 2014 11:43 |
Last Modified: | 11 Mar 2014 11:43 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9402 |
Actions (login required)
View Item |