Примена на меничните правила врз товарните листови

Tusevska, Borka (2013) Примена на меничните правила врз товарните листови. Стручно списание Правник (254). pp. 8-14. ISSN 1409-5238

[thumbnail of Примена на меничните правила врз товарните листови.docx] Text
Примена на меничните правила врз товарните листови.docx

Download (15kB)

Abstract

Вовед
Предмет на анализа и елаборација во овој труд е прашањето за примена на меничните правила врз товарните листови издадени во домашниот, особено во меѓународниот транспорт. Товарните листови претставуваат исклучително битен инструмент во транспортот, и воопшто во трговијата. Брзиот и масовен промет на стоки, како и учеството на бројните субјекти во низата транспортни маршрути, им дадоа особено значење на товарните листови во глобалниот транспорт. Експанзијата на товарните листови и нивната повеќе страна функција во прометот, наметнаа бројни и разновидни прашања за анализа. Од нив особено комплексно и значајно е прашањето за преносот на правата инкорпорирани во товарните листови.
Иако законските одредби манифестираат компатибилна и симплифицирана примена на меничните правила, анализите покажуваат поинаква фактичка состојба. Попрецизно кажано, покажуваат дека не постои докрај дефиниран режим на примена, кој што соодветствува на реалната/фактичката состојба на полето на транспортните услуги.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Borka Tusevska
Date Deposited: 11 Feb 2014 12:50
Last Modified: 13 Feb 2014 13:30
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9201

Actions (login required)

View Item View Item