Градење на стратегија на претпријатијата во текстилната индустрија на Р.Македонија

Veselinova, Elena (2010) Градење на стратегија на претпријатијата во текстилната индустрија на Р.Македонија. Masters thesis, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Економски факултет - Скопје.

[thumbnail of Master thesis.pdf]
Preview
Text
Master thesis.pdf

Download (526kB) | Preview

Abstract

Текстилните претпријатија во Р.Македонија се многубројни, некои повеќе, некои помалку успешни. Едно е заедничко за сите, тие ангажираат добар дел од работоспособното население ширум земјава и остваруваат значаен девизен прилив од своите извозни активности. Сепак, постои генерално мислење дека текстилните претпријатија ретко практикуваат стратегиско планирање. Нивното функционирање е во основа реактивно на промените во окружувањето. Учеството на текстилната индустрија во креирањето на вкупната додадена вредност во националната економија е на ниско ниво. Затоа текстилните претпријатија во Р.Македонија треба да се посветат на развој на конкурентска стратегија за настап на домашниот и странските пазари со која ќе успеат да остварат поголема додадена вредност на финалниот производ, а со тоа и поголеми приходи и повисока профитабилност. Тоа сигурно не е лесно, но не и недостижно. Потребна е долгорочна и истрајна посветеност на оваа цел.
Овој труд е посветен токму на градењето на стратегија на текстилните претпријатија која се базира на утврдена конкурентска предност. Истражувањето опфаќа анализа и оценување на екстерното окружување на текстилната индустрија. Преку неа се идентификувааат критичните можности и ограничувања во општото и посебно окружување на текстилните претпријатија. Но, надворешното окружување не е единствената детерминанта на профитот на претпријатијата. За да се разбере суштината на нивното работење неопходно е „да се погледне“ длабоко во нивното внатрешно окружување. Тогаш стапува на сцена анализата на интерното окружување преку која се утврдуваат внатрешните стратегиски фактори на претпријатието, односно предностите и слабостите на секое претпријатие. Преку оваа анализа се согледуваат клучните детерминанти за создавање на одржлива конкурентска предност. Секоја успешна стратегија се базира на ваква одржлива конкурентска предност што произлегува од единствените ресурси и способности на претпријатието.

Item Type: Thesis (Masters)
Uncontrolled Keywords: текстилни претпријатија, стратегија, окружување, конкурентска предност, индустрија, Р.Македонија
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Elena Veselinova
Date Deposited: 12 Dec 2013 09:06
Last Modified: 12 Dec 2013 09:06
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8385

Actions (login required)

View Item View Item