Sofijanova, Elenica (2010) Менаџмент наместо контрола на квалитет. In: II Научна конференција „Квалитет и безбедност на храна“ со меѓународно учество, 11 Nov 2010, Битола, Македонија.
Text
bitola2010.docx Download (1MB) |
Abstract
Ефективното управување на вкупниот квалитет бара големо посветување на претпријатието. Менаџментот го проектира системот за обезбедување квалитет кој има повеќедимензионална и стратешка посветеност и структура. Со тоа мора да се промени културата во корпоративна култура, која создава корпоративна меморија, со цел да се одрази идејата дека квалитетот не е само идеал, туку цел која мора да се постигне.
Управувањето на вкупниот квалитет е опсежна заложба на менаџментот во подобрување на квалитетот на производот или услугата, трансформирано низ зголемено учество на вработените, подобрување на материјалите, технологијата, методите или оперативните системи преку кои може да се оствари континуирано подобрување на квалитетот. Само на тој начин се продолжува во континуитет градењето на организациската посветеност и лојалност, фокусирање кон потрошувачите, поставување на цели и креирање на иницијативи, отстранување на бариерите меѓу функциите и пронаоѓање начини за мерење на квалитетот.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Elenica Sofijanova |
Date Deposited: | 14 Nov 2012 16:58 |
Last Modified: | 11 Nov 2013 09:28 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/831 |
Actions (login required)
View Item |