Концерт на мјузик прогресив квартет во амбасадата на САД во Скопје по повод 4 јули - Ден на независност на САД

Lazarevski, Vladimir (2013) Концерт на мјузик прогресив квартет во амбасадата на САД во Скопје по повод 4 јули - Ден на независност на САД. [Performance]

[thumbnail of FRV.4.jully.US.MPQ.2013.1.jpg]
Preview
Image
FRV.4.jully.US.MPQ.2013.1.jpg

Download (784kB) | Preview

Abstract

Music Progressive Quartet е камерен музички ансамбл, формиран во 2007 година и во кој членуваат обоистот Владимир Лазаревски , виолинистот Владимир Крстев , композиторот и виолист Марко Виденовиќ како и челистот Паскал Краповски. Главна идеја и воедно движечка сила на овие млади музичари беше да донесат нов звук на светската музичка сцена, презентирајќи го успешно македонскиот традиционален фолклор со влијание на модерниот џез, и сето тоа отсвирено оргинално на инструменти кои најчесто се застапени во класичната музика.
Music Progressive Quartet реализираше голем број концерти низ Македонија, како и во странство. Нивниот најзабележителен настап се случи во, октомври 2009 година, во познатиот џез клуб во Виена „Porgy & Bess“. Квартетот имаше свој самостоен концерт, како и настап на концертот на познатиот македонски џез музичар Тони Китановски. Портфолиото на квартетот вклучува настапи на фестивали и сцени како: „Blues and Jazz Rallye“ во Луксембург, „Balkan music nights“ во Конкорд, САД, „Geza Balazs Gari jazz festival“ во Кикинда,Србија, „Денови на словенска писменост” во Москва, “Ensemble studio theatre” и “Drom” во Њујорк, „Lilypad” и „Longy“ во Бостон, “Битфест” во Битола, “Скопско Лето” “Modooars” во Скопје и други.
Членовите на Мјузик Прогресив квартет секојдневно заеднички музицираат и соработуваат во Македонската Филхармонија и на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
На репертоарот на овој камерен состав се наоѓаат музички композиции напишани специјално за овој квартет од Марко Виденовиќ, Дуке Бојаџиев, Гоце Гавриловски, Тони Китановски и др.
Во 2009 година, квартетот го издаде својот прв носач на звук “Стреам”. Во 2013, квартетот го промовира својот втор носач на звук „Дриминг“.

Item Type: Performance
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Vladimir Lazarevski
Date Deposited: 13 Nov 2013 11:58
Last Modified: 13 Nov 2013 11:58
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8032

Actions (login required)

View Item View Item