Пламеница на оризот

Karov, Ilija and Mitrev, Sasa and Spasov, Dusan and Tomeva, Elizabeta (2003) Пламеница на оризот. Годишен зборник за заштита на растенијата, XIV. pp. 75-82. ISSN 1409-5084

[thumbnail of GZ_zastita_rastenija2003.pdf] Text
GZ_zastita_rastenija2003.pdf

Download (3MB)

Abstract

Пламеницата е една од најзначајните болести на оризот во Македонија. Патогената габа причинува повреди на листовите, стеблата и метличките на оризот, а заразите зависат од условите на средината и на отпорноста на сортата. Во почетокот симптомите се манифестираат со белузлави дамки со сиво-зелени до темнозелени рабови.
Инфекцијата на вратот на метличката, наречена пламеница на вратот или трула пламеница на вратот е најдеструктивниот симптом во најмногу средини каде што пламеницата е проблем. Инфекцијата на вратниот нодус и инфекцијата на метличката и гранчињата може да се случат истовремено или посебно во зависност од условите.
Причинител на пламеницата на оризот е габата Pyricularia oryzae Cavara. Оваа габа порано била синоним на Pyricularia grizea.
Во 2002 година процената на загубата на приносот на ориз варира од 25 до 50%, на оризовите површини во заразените локалитети на Кочанскиот реон.

Item Type: Article
Uncontrolled Keywords: Pyricularia oryzae Cav., габа, причинител, симптоми, ориз, штети
Subjects: Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Ilija Karov
Date Deposited: 14 Nov 2012 10:07
Last Modified: 10 Jun 2013 10:11
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/802

Actions (login required)

View Item View Item