Cepreganov, Todor and Dzinko, Teon and Avirovich, Irena and Nikolova, Sonja and Nechev, Zoran (2013) Велика Британија и Македонија Грчко-југословенска Федерација (1941-1942) - Документи. Documentation. Институт за национална историја, Скопје.
Preview |
Text
Federacija.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Наоѓајќи се во Лондон владите во егзил функционирале како суверени влади на односните земји. Секоја од нив имала разменето амбасадори меѓу себе, а и со Владата на Обединетото Кралство. Во таква ситуација уште при крајот на 1941 година започнале да размислуваат за повоеното уредување на Европа, а посебно на Југо-источна Европа. Британскиот политички врв, имајќи предвид дека Балканот е нивна интересна сфера и сакајќи по војната да ја врати старата состојба започнува да заговара формирање на Југословенско-грчка федерација кон која се планирало да се придружат и други балкански држави. Исто така, заговарале и формирање на Чехословачко-полска конфедерација и Подунавска федерација. Со еден збор, уште тогаш го заговараат формирањето на Европската унија. Но, во сите калкулации за формирање на било федерации, конфедерации, било унии, ниту британските политичари, а уште помалку балканските и оние од југоисточна Европа ја калкулираат Македонија како дел од нив. Македонија не се споменува во ниту еден документ. Се смета за дел од Кралството Југославија и во повоеното уредување на Европа требало остане негов дел.
Item Type: | Monograph (Documentation) |
---|---|
Subjects: | Humanities > History and archaeology |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Todor Cepreganov |
Date Deposited: | 27 Jan 2014 10:27 |
Last Modified: | 27 Jan 2014 10:27 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8016 |
Actions (login required)
View Item |