Философско-религиските импликации во творештвото на Ф.М. Достоевски

Stojanov, Trajce (2008) Философско-религиските импликации во творештвото на Ф.М. Достоевски. Masters thesis, University Ss. Cyril and Methodius - Skopje.

[thumbnail of Елаборат.doc] Text
Елаборат.doc

Download (158kB)

Abstract

Предмет на овој труд е анализа на идеите на Фјодор Михајлович Достоевски изнесени првенствено во неговите книжевни дела, а потоа и во неговите публицистичко – новинарски творби, како и во приватната и јавната негова писмена кореспонденција. Предмет на анализа ќе бидат и некои биографски осврти, бележници, приватни дневници и сл. на некои негови современици, пријатели и блиски соработници, кои во голема мерка можат да ни ги осветлат неговите идеи. Целите на овој труд е да се вообличат, формулираат, објаснат и издвојат философско - религиските идеи во неговото творештво. Задачата е да се покаже философската релевантност на творештвото на Достоевски, да се утврдат механизмите на нивното апстрахирање. Со ова и да се укаже на значењето на книжевникот за развојот на руската философија.

Главната хипотеза во трудов е: противречните философсо - религиските идеи во творештвото на Достоевски се измируваат во концептот за Богочовекот.
Двете помошни хипотези ќе помогнат во поткрепувањето на главната хипотеза:
- Лоцирање на релевантите философски импликации во творештвото на Достоевски
- Посочување на тезите и антитезите како позиции на една повисока синтеза

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Humanities > Philosophy, ethics and religion
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Trajce Stojanov
Date Deposited: 06 Sep 2013 12:45
Last Modified: 06 Sep 2013 12:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7214

Actions (login required)

View Item View Item