Fotov, Risto (2013) Основи на финансии, второ изменето и дополнето издание. Економски факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Штип. ISBN 978-608-4504-85-6
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_risto.fotov_Desktop_ОФ РЕПОЗИТОРИУМ_ОФ ЗА РЕПОЗИТОРИУМ.docx Download (146kB) |
Abstract
Предговор на второто изменето и дополнето издание
Финансиите, како научна област, се постојано менуваат, унапредуваат и адаптираат спрема стопанските и вкупните состојби и трендови. Станува збор за област за која е динамична, значајна, комплексна и секогаш актуелна. Постојаната актуелност на оваа научна област кај нас и во светот создадоа кај авторот мотив да се зафати со издавање на второ дополнето и изменето издание на учебникот Основи на финансии.
Авторот го задржа насловот на учебникот Основи на финансии, но направена е измена и дополнување на материјата што ја третира. Збогатено е со нови поглавја како и направено е ново содржинско дизајнирање во смисла на проширување на бројот на деловите и нивно композициско средување во една природна и конзистентна целина. Ваквиот обем и начин на обработка на материјата поместена во ова издание е во функција на доближување и поедноставување во стекнувањето на потребните знаења на студентите од оваа научна област. За разлика од првото издание каде целата материја беше преставена во две глави, со ова издание се оди, не само со поинаков распоред на материјата, туку е компонирана во пет глави.
Првата глава е посветена на дефинирање на финансиите, предметот на финансиите и воопшто запознавање со финансискиот систем( како збир на финансиски институции, финансиски инструменти и механизми).
Втората глава се задржува на парите и монетарната политика. Овде се објаснува појавата, развојот и еволутивните облици во развојот на парите, основните карактеристики на книжните пари, се даваат објаснувања за современите депозити или банкарски пари, за електронски пари, понатаму се третира прашањето на влијанието на парите врз економската активност, економскиот развој и факторите на куповната сила на парите, и сл.
Во третиот дел е посветен на банкарскиот систем. Банкарскиот систем претставува потсистем на стопанскиот систем кој ги опфаќа вкупноста на финансиските и останатите мерки со кои функцијата и банкарското работење се манифестираат како активност, чија општа задача се состои во снабдување на процесот на репродукцијата со потребните парични средства и кредити.
Четвртиот дел го обработува деловно-финансискиот систем, како потсистем на финансискиот систем. Во овој дел се елаборираат финансиските цели на претпријатието (главна финансиска цел на претпријатието и споредните финансиски цели на претпријатието), понатаму спротивставеност на интересите и целите во акционерско друштво, и сл.
Петиот дел од учебникот Основи на финансии е посветен за стекнување на основните знаења од јавните финансии, кои се изучуваат како посебен предмет во рамките на студиските програми на Економскиот факултет. Преку фискалниот систем еден дел од вкупните парични текови, е врзан за распределбата, прераспределбата и трошењето на националниот доход (во последно време со развојот на државниот интервенционизам и создавање на јавен сектор), тоа претставува предмет на изучување на јавните или општествените финансии. Другите текови, врзaни зa системот на создавање, циркулација и поништување на парите, како во национални, така и во мeѓународни рамки, стануваат предмет на изучување на мoнетарните финансии. Значи, јаснo се гледа дека се толку поврзани и мeѓузависни тековите- што е невозмoжно да се одвојат, и покрај тоа што е можно одвоено да се изучуваат.
Авторот на учебникот во ова издание посебно стави акцент на сегментите кои не беа доволно обработени (или беа делумно обработени) во претходното издание. Презентираните измени на учебникот ќе им бидат од корист на студентите за стекнување на базични знаења од областа на финансиите.
И во оваа пригода користам можност за да ја искажам мојата посебна благодарност спрема рецензентите професор д-р Тодор Тодоров, професор д-р Милан Илиески и професор д-р Ристе Темјановски, за корисните сугестии и совети и несебичната помош при изработката на овој труд.
Предавајќи ја оваа книга на судот на јавноста, потенцирам дека сите добронамерни критики секогаш се добродојдени.
Јануари, 2013 година Авторот,
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Risto Fotov |
Date Deposited: | 05 Sep 2013 11:36 |
Last Modified: | 05 Sep 2013 11:36 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7181 |
Actions (login required)
View Item |