Најчести професионални заболувања кај рудари во рудници за олово-цинкова руда

Velickova, Nevenka and Petrova, Biljana (2010) Најчести професионални заболувања кај рудари во рудници за олово-цинкова руда. In: Прв конгрес на студенти од здравствени струки и здравствени работници во Р. Македонија, 22-25 април, 2010, Битола.

[thumbnail of najcesti profesionalni zaboluvanja kaj rudari vo rudnici za olovo-cinkova ruda.docx] Text
najcesti profesionalni zaboluvanja kaj rudari vo rudnici za olovo-cinkova ruda.docx

Download (17kB)

Abstract

Воведен дел: Изложеноста на загадување на амбиенталниот воздух со тешки метали, е поврзана со голем број на заболувања, почнувајќи од транзиторни промени на респираторниот тракт и влошена белодробна функција, продолжувајќи до рестриктивна активност, посети на итна медицинска помош и хоспитализација. Ваквите здравствени последици се најмногу изразени кај рударите како професионално експонирани работници особено при подземна експлоатација на олово-цинкова руда. Цели на трудот: Да се изврши комплетен биолошки мониторинг и да се процени степенот на професионален ризик за појава на заболувања и акутни труења кај оваа категорија на работници, како и да се прикажат штетните и токсикокинетички ефекти на тешките метали и токсичните материи во рудниците за олово-цинкова руда „Тораница“ и „Саса“.
Заклучок: Констатираните и многу чести заболувања кај оваа категорија на работници укажуваат на професионален ризик во условите во кои работат тие. Најчести се белодробните заболувања од типот на хронична опструктивна болест, бронхоопструкција, пнеумокониози, силикози и други. Измените во хематопоетскиот систем и појавата на анемија е еден од најраните индикатори за дејството на оловото и останатите тешки метали

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Nevenka Velickova
Date Deposited: 16 Apr 2013 08:26
Last Modified: 16 Apr 2013 08:26
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6128

Actions (login required)

View Item View Item