Mitrev, Sasa and Mihajlov, Ljupco and Miceski, Trajko and Boev, Blazo and Trajkova, Fidanka and Balabanova, Biljana and Markova Ruzdik, Natalija and Kletnikoski, Petar and Zlatkovski, Vasko and Bikova, Angela and Golceva, Zaklina and Tusevski, Gjorgi and Sumanski, Darko (2010) Студија за одржлив развој на органското земјоделско производство во Источниот плански регион. Documentation. Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Штип.
Preview |
Text
Studija_mkd.pdf Download (15MB) | Preview |
Preview |
Text
Studija_en.pdf Download (16MB) | Preview |
Abstract
Кон средината од минатиот век кај населението во одделни делови од светот, поучено од истражувањата дека постои директна врска од зачестената појава на малигни заболувања со неконтролираната употреба на пестицидите, се јавува тренд на употреба на храна произведена без употреба на такви синтетизирани хемиски средства. Оттогаш, па до денес бројот на населението кое консумира таква храна прогресивно расте, а со тоа, се разбира, и површините на кои се организира таквиот начин на производство.
Органското земјоделско производство во Република Македонија нема поголема традиција, ако се има предвид фактот дека првиот Закон за органско земјоделско производство е донесен во 2004 година. Оттогаш, па до денес се направени низа чекори за истото да го достигне својот потенцијал за раст. Од друга страна, традиционалниот начин на земјоделско производство скоро никогаш и не бил запоставен за сметка на интензивното производство, што наведува на заклучок дека присуството на синтетизирани хемиски средства во почвата и растенијата е доста ниско. Тоа, пак, ја отвора можноста на површините за кои ќе се утврди дека се погодни за органско земјоделско производство да се започне со еден сериозен пристап за негово организирање, што во голема мера може да придонесе кон подобрување на економскиот ефект од работата на земјоделските стопанства.
Стратешките документи за развој се сегментот кој може значително да придонесе кон побрз развој на некое специфично производство, стопанска гранка, регион или пак државата во целина. Процесот на нивна изработка честопати е долг и изискува тимска работа на индивидуи со познавања од разни дисциплини, кои ги следат најновите достигнувања во науката и технологијата, одлично ја познаваат фактичката состојба на теренот, а се со единствена цел, документот да може да биде применлив.
Кон изработкaта на документот кој е пред Вас, експертскиот тим од Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип пристапи со крајна сериозност. Истражени се сите можности кои може на еден или друг начин да го поттикнат овој начин на производство. Документот дава широка можност за понатамошна изработка на истражувачки активности, развој на акциони планови, а според наше стручно мислење е и одлична основа за изработка на планови за идни инвестициони активности.
Item Type: | Monograph (Documentation) |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Fidanka Trajkova |
Date Deposited: | 01 Feb 2013 15:05 |
Last Modified: | 23 Feb 2015 12:48 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5428 |
Actions (login required)
View Item |