Tusevska, Borka (2012) Правната судбина на долготрајните облигации после отворањето на стечајната постапка. Pravnik. ISSN 1409 - 5238
Text
Правната судбина на долготрајните обнлигации после отворањето на стечајната постапка.doc Download (116kB) |
Abstract
Апстракт
Во овој труд се анализираат и елаборираат правните импликации од отворањето на стечајна постапка врз долготрајните облигации. Земајќи ги предвид спецификите на овој вид облигации (long – terms obligations), ќе се обидеме преку анализа на важечкото домашно право, компаративното законодавство и практика, да ги утврдиме недостатоците во поглед на уреденоста на ова проблематика, ризиците за договорните страни во случај на стечај, и конечно, да ги лоцираме правните празнини на ова поле.
Комплексноста на ова проблематика произлегува од бројните и разновидни ситуации кои што се јавуваат во случај на инсолвентност на некоја од договорните страни, а кои што генерално потекнуваат од природата/карактерот на долготрајните облигации. Врз долготрајните облигации, неретко се применуваат правила кои што отстапуваат од општите правила за облигационите односи. Ова ситуација ја наметнува потребата од подлабоко и посеопфатно проучување на ова проблематика, со анализа на практичните аспекти и специфики.
Бројни се истражувањата на полето на правните последици од отворањето на стечајната постапка. Ова сосема логично ако се земе предвид бројноста и комплекноста на прашања кои се наметнуваат со отворањето на стечајната постапка: прашањето за можноста од реорганизација на компанијата врз која е отворена стечајната постапка; правното дејство на договорите пред затворањето на стечајната постапка; правното дејство после затворањето на стечајната постапка итн. Ова не е случај на полето на стечајот и долготрајните облигации. Иако во принцип и врз овие односи се применуваат општите правила, сепак станува збор за специфични правни односи кои што наметнуваат примена на различни од општо предвидените правила за оваа проблематика.
Предмет на истражување во овој труд е токму влијанието на стечајната постапка врз правното дејство на долготрајните облигации, како едно од корпусот прашања кои се наметнуваат при отворањето на стечајната постапка. Во овој трудот, посебен акцент е ставен на долготрајните облигации кои што се правен основ за пренос на пакет права од индустриска сопственост, и влијанието на стечајот врз нивното правно дејство.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Borka Tusevska |
Date Deposited: | 24 Jan 2013 14:46 |
Last Modified: | 24 Jan 2013 14:46 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5098 |
Actions (login required)
View Item |