Concert of Music Progressive quartet & West Coast Symphony - BITFEST 2012

Lazarevski, Vladimir (2012) Concert of Music Progressive quartet & West Coast Symphony - BITFEST 2012. [Performance]

[thumbnail of Vladimir.Lazarevski.Bitfest.page1i2.pdf]
Preview
Text
Vladimir.Lazarevski.Bitfest.page1i2.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

За оркестарот:
Симфонискиот оркестар „West Coast Symphony“ од Ванкувер, Канада е основан во почетокот на 1970-тите години како гудачки оркестар.
Со текот на годините, оркестарот го зголеми својот инструментариум најпрвин додавајќи дувачки инструменти и подоцна удиралки, за да се комплетира како симфониски во средината на 80-тите години.
Оркестарот сега претставува 7 програми секоја сезона, во Долнаконтинентална Канада, но исто така и во оддалечените области како што се Боуен Ајленд, Вистлер и Ванкувер Островот.
„West Coast Symphony“ е управуван од страна на избран Одборот на директори составен од членови на оркестарот. Финансиски, оркестарот зависи од донации од поединци и бизниси, како и членарини.
Симфонискиот оркестар „West Coast Symphony“ од Ванкувер, Канада во периодот на 1-15 јули, 2012 година, ја реализира својата долго подготвувана турнеја во југоисточна Европа, поточно 8 концерти во Албанија и Македонија. Во Македонија „West Coast Symphony“ ќе реализира 4 концерти во градовите Штип, Кочани, Битола и Скопје.
Концертот во Штип е на 8-ми јули во рамките на Штипско лето. Концертот во Кочани е на 9- ти јули во рамките на Кочани – град на културата на РМ за 2012 година. Концертот во во Битола ќе се одржи на 10 - ти јули во рамките на фестивалот БИТФЕСТ 2012. Завршниот концерт на „West Coast Symphony“ ќе се одржи во Скопје на 11- ти Јули во Сули - Ан во рамките на фестивалот Скопско Лето.

Диригент БУЈАР ЛИПАЈ
Роден во Албанија, многукратно наградуваниот диригент Бујар Липај е многу често застапен диригент на Балканската класична сцена. Дипломирал на катедрата за диригирање при Академијата за уметност во Тирана и се усовршувал на Музичката академија „Rueil Malmaison“ во Франција. Од 2008 година ја обавува функцијата на главен диригент на оркестарот „ West Coast Symphony “ во Ванкувер, Канада. Маестро Липај има диригирано концерти низ цела Европа, вклучувајќи ги и концертите со оркестрите на Македонската филхармонија и Македонската Опера и Балет. Бил уметнички директор на Албанската Национална Опера во Тирана, како и е основач на Новиот Филхармониски оркестар во Албанија. Пред да се пресели во Канада, Бујар Липај работел како професор и шеф на катедрата за диригирање при Академијата за Уметност во Тирана.

Солисти со оркестарот на WCS на БИТФЕСТ 2012:
Мјузик прогресив квартет е камерен музички ансамбл, формиран во 2007 година и во кој членуваат: Владимир Лазаревски – Обоа, Владимир Крстев – Виолина, Марко Виденовиќ – Виола и Паскал Краповски – Виолончело. Главна идеја и воедно движечка сила на овие млади музичари е да донесат нов звук на светската музичка сцена, презентирајќи го успешно македонскиот традиционален фолклор со влијание на модерниот џез, и сето тоа отсвирено оригинално на инструменти кои најчесто се застапени во класичната музика.
Music Progressive Quartet има остварено голем број концерти во земјава и во странство. Портфолиото на квартетот вклучува настапи на фестивали како: „ Blues and Jazz Rallye “ во Луксембург, „Balkan music nights“ во Конкорд, САД, „Geza Balazs Gari jazz festival“ во Кикинда, Србија, “Денови на словенска писменост” во Москва, “Ensemble studio theatre” и „ДРОМ“ во Њујорк, “Битфест” во Битола, “Modooars” во Скопје и други. Во март 2012, квартетот ја реализирааше својата трета турнеја во САД, која резултираше со серија концерти, одржани семинари на реномирани американски универзитети, како и нова соработка со познатиот македонски композитор Дуке Бојаџиев. Досега квартетот има издадено еден носач на звук „Стреам“.

Item Type: Performance
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Vladimir Lazarevski
Date Deposited: 24 Dec 2012 14:32
Last Modified: 24 Dec 2012 14:32
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4336

Actions (login required)

View Item View Item