Angelov, Goranco (2012) Теренско истражување во село Ињево поврзано со верскиот празник Лазара. [Video] (Unpublished)
Preview |
Image
Lazarki 1.JPG Download (2MB) | Preview |
Preview |
Image
Lazarki 2.JPG Download (2MB) | Preview |
Video
Lazarski pesni s.Injevo, Radovis 08.04.2012.MPG Download (304MB) |
Abstract
Во радовишкото село Ињево, сеуште се задржани одредени верски обичаи наследените од минатото а кои се пренесуваат од колено на колено. Празникот „Лазара“ влегува во пролетниот циклус на обичаи. Самиот обичај е составен од повеќе содржини.
Во поглед на музичката застапеност, обичајот опфаќа песни кои се пеат исклучиво на овој верски празник и истите не се придружуваат од музички инструменти. Групата за пеење ја сочинуваат млади немажени девојки кои се талентирани за музика и се организирани во група од три и повеќе девојки. доколку не можат да постигнат со посетувањето на куќите, се делат во две групи при што ги посетуваат сите куќи во селото пеејќи лазарски песни. Овие песни во својата содржина го величат самиот празник Лазара а преку песните упатуваат порака за здравје, благосостојба, радост и среќа во фамилијата кај која што се примени. За тоа добиваат одредена симболична награда од домаќимите. Посебно внимание предизвикува тоа што за овие групи можат да се пријават повеќе девојки поради што нивниот состав може да биде различен од година во година но сепак, тоа не го менува востановениот тек на одвивањето на самиот ритуал задржувајќи го истиот пеачки репертоар. Ова е една од причините поради кои се менува музичкиот квалитет на пеаните творби поради што и самите учесници но и жителите на Ињево велат дека има групи кои навистина пеат убаво и групи кои не достигнуваат одреден музички квалитет. Сепак тоа воопшто не го нарушува негувањето и зачувувањето на празнувањето на овој христијански верски празник.
Item Type: | Video |
---|---|
Subjects: | Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music) |
Divisions: | Faculty of Music Art |
Depositing User: | Goranco Angelov |
Date Deposited: | 24 Dec 2012 13:59 |
Last Modified: | 24 Dec 2012 13:59 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4331 |
Actions (login required)
View Item |