Dimitrova, Janka (2012) Современите ИТ - решенија во функција на подобрување на бизнис климата во Република Македонија. In: PANCON- konferencija na DATALAB MK Skopje. (Unpublished)
Text
ТРУД.docx Download (89kB) |
Abstract
21- виот век е време на експанзивен техничко - технолошки развој. Развојот на информациската технологија, овозможи брзо ширење на бизнисот низ целиот свет, со што се избришани односно не постојат трговски бариери или граници. Пазарите на производи и услуги, како и можностите за брзо добивање на употребливи информации (со помош на информациската техника и технологија) им овозможуваат на производителите и на сите останати деловни ентитети да го шират својот бизнис низ целиот свет.
Интернетот пружа бројни можности за развој на бизнисот преку различни економски активности како што се: рекламирање на производи и услуги, купување и продажба на производи и услуги, освојување на нови пазари и интернационализација на бизнисот, размена на деловни информации, електронска пошта и компјутерски факс, е- продажба, е-плаќање, итн. Меѓутоа за користење на интернетот е неопходно да се поседува хардвер, да се воспостави конекција со интернет провaјдер, да се поседува основно ниво на знаење за работа со компјутер и др.. За сето тоа е потребно бројна популација да има доволно финансиски капацитет да ја набави потребната опрема и да ги плаќа трошоците за конектирање, а секако и да се едуцира за да ги oсознае капацитетите и можностите кои ги нуди интернетот.
Загрижувачки е фактот што во Република Македонија се уште голем број менаџери на мали и средни ентитети се скептични кон примената на интернетот и користењето на можностите кои тој ги нуди за ширење на бизнисот. Загрижувачки е и тоа што се уште голем број МСЕ немаат креирано web страна преку која можат да ги промовираат своите производи најбрзо и најекономично па дури и да продаваат преку интернет и да ги намалат фиксните трошоци за продажба.
Современите софтверски решенија овозможија бројни погодности за бизнис секторот, меѓутоа има уште многу да се работи, а се во функција на подобрување на бизнис климата и заголемување на можностите за релаксирано работење и остварување на подобри финансиски резултати преку кои ќе имаат бенефит и претприемачите и вработените и државата.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Janka Dimitrova |
Date Deposited: | 24 Dec 2012 14:16 |
Last Modified: | 24 Dec 2012 14:16 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4317 |
Actions (login required)
View Item |