Nikodinovska Krstevska, Ana (2024) Европска Унија, миграција и азил. 2-ри Август, Штип. ISBN 978-608-4879-88-6
European Union, Migration, Asylum..pdf
Download (7MB)
Abstract
Публикацијата „Европска Унија, миграции, азил“ претставува систематизирана збирка од дванаесет објавени рецензирани научни трудови, седум самостојни и пет коавторски, посветени на европските политики и правото во областа на миграцијата и азилот. Произлезена од повеќегодишни истражувања и меѓународна академска соработка, публикацијата ги разгледува правните, политичките, безбедносните и хуманитарните димензии на миграциските движења, со посебен осврт на миграциската криза од 2015–2016 година и нејзините последици за Европската Унија и Северна Македонија.
Во фокусот се екстернализацијата на европските миграциски и безбедносни политики, управувањето со надворешните граници, принципот на солидарност и правичната поделба на одговорностите, како и договорите за реадмисија и нивната примена во односите со балканските држави. Посебно внимание се посветува на развојот на македонското законодавство и институционалниот одговор во областа на миграцијата и азилот, регионалната и меѓународната соработка и усогласувањето со правото на Европската Унија. Човековата димензија се обработува преку заштитата на правата на мигрантите и бегалците, придонесот на недржавните актери за човечката безбедност, ризиците од виктимизација, трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, како и антимиграциската реторика и ксенофобијата.
Поврзувајќи ги европската и националната перспектива, збирката обезбедува основа за критичко разбирање на односот меѓу безбедноста, солидарноста и заштитата на човековите права. Наменета е за студенти, истражувачи и стручната јавност, со цел да ги унапреди знаењата и да поттикне понатамошни истражувања за миграцијата, азилот и европската интеграција.
| Item Type: | Book |
|---|---|
| Subjects: | Social Sciences > Law Social Sciences > Political Science |
| Divisions: | Faculty of Law |
| Depositing User: | Ana Nikodinovska Krstevska |
| Date Deposited: | 03 Nov 2026 09:24 |
| Last Modified: | 03 Nov 2026 09:24 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/39361 |
