Значењето на чешмите за развој на локалниот и викенд туризмот во општина Прилеп

Koteski, Cane (2026) Значењето на чешмите за развој на локалниот и викенд туризмот во општина Прилеп. hallenges of tourism and business logistics in the 21st century: conference proceedings / Ninth International Scientific Conference, 9 (1). pp. 223-241.

[thumbnail of Значењето на чешмите за развој на локалниот и викенд туризмот во општина Прилеп.pdf] Text
Значењето на чешмите за развој на локалниот и викенд туризмот во општина Прилеп.pdf

Download (1MB)

Abstract

Во научниот труд истражувани се и презентирани се сите постоечки чешми како дел од хидрографските објекти по населени места и градот Прилеп кои се во функција за развој на локалниот и викенд туризмот во сите 58 селски населби и градот Прилеп во истоимената општина. Во научниот труд дадени се две карти за географската положба на ОП. Прилеп во границите на нашата држава и селските населби со нивните атари . Од хидрографските објекти кои постојат како чешми во ОП. Прилеп евидентирани се и табеларно презентирани по населени места и во градот Прилеп. Улогата на чешмите како хидрографски објекти е од огромна важност при посета на селата и градот Прилеп на странските и домашните туристи, вработените во: индустријата, здравството, образованието како децата од градинките, учениците од основните, средните училишта и студентите за развој на локалниот и викенд туризмот во општина Прилеп. Во 2006 година за првпат се изработени туристичка и стопанска карта на градот Прилеп од кои отпечатена е само туристичката карта. За изработката на научниот труд користени се: теренски истражувања, метод на анкетирање, научна и стручна литература, статистички годишници и зборници. На крај се дадени разни анализи, предлози и заклучоци за улогата на чешмите како хидрографски објекти во функција на туризмот и неговиот развој во ОП. Прилеп.

Клучни зборови: Туризам, чешми, локален туризам, викенд туризам, економија

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Social and economic geography
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Cane Koteski
Date Deposited: 27 Aug 2026 11:18
Last Modified: 27 Aug 2026 11:18
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/38930

Actions (login required)

View Item
View Item