Шутова, Милица (2026) Правна заштита на трговски марки. Other. ДПТУ „Студентски сервис“ ДОО - Скопје, Скопје, Македонија.
Правна заштита на тргвски марки.pdf
Download (134kB)
Abstract
Монографијата „Правна заштита на трговски марки" е посветена на трговската марка како значаен граѓанскоправен институт, чие поимно и правно определување е суштествена претпоставка за правилна анализа на системот на нејзина заштита. Материјата е обработена низ пет тематски целини: поимот, улогата и значењето на трговската марка; стекнувањето на субјективното право на трговска марка, вклучително апсолутните и релативните причини за одбивање на пријавата и постапката пред ДЗИС; начелото на специјалност на полето на индустриската сопственост; добро познатите трговски марки и улогата на релевантната јавност во утврдувањето на познатоста; и правната заштита на правата од трговска марка.
Централно место во истражувањето зазема концептот на судската заштита, односно граѓанскоправната заштита, која се остварува по повод повреда или загрозување на субјективното право на трговска марка, тргнувајќи од фактот дека процесноправната заштита произлегува од повредата на материјалното право.
| Item Type: | Monograph (Other) |
|---|---|
| Subjects: | Social Sciences > Law |
| Divisions: | Faculty of Law |
| Depositing User: | Milica Sutova |
| Date Deposited: | 18 Aug 2026 07:53 |
| Last Modified: | 18 Aug 2026 07:53 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/38846 |
