Krsteska, Roza (2022) Скалата за исхемичен скор на Хачински (HIS) во клиничка пракса. In: Симпозиум Здраво стареење: „Единство на телесното и менталното здравје“, 14-15 Oct 2022, Skopje. (Unpublished)
Научна програма симпозиум Здраво стареење, 14-15.10.2022 (постер).pdf
Download (933kB)
Скалата за исхемичен скор на Хачински (HIS) во клиничка пракса (постер).pdf
Download (474kB)
Abstract
Во дијагностиката на деменциите значајно место заземаат клиничките скали во ограничените временски услови во клиничката пракса. Скалата за исхемичен скор на Хачински е едноставна клиничка алатка која се користи за диференцирање на типови на деменција. Студиите кои ја процениле валидноста на оваа скала покажале прифатлива чувствителност и специфичност во дефинирањето на деменција. Високиот HIS е тесно поврзан со цереброваскуларните фактори и тој може да биде корисна алатка за скрининг за количината на васкуларни фактори за постарата популација.
Цели: Потсетување на практичноста на скалата на Хачински и можност за појасно видување на васкуларните ризик фактори кај постарите пациенти.
Материјал и методи: Трудот претставува анализа на HIS кај 30 пациенти со Алцхајмерова и 30 пациенти со васкуларна деменција (Критериуми по МКБ-10, ММСЕ<24, HIS, КТМ/МР), на возраст над 60 години, средна возраст кај ВД 72,6 и кај АД 77,0.
Резултати: Просечната вредност на ХИС во групата со ВД изнесуваше 12,6 (СД 2,41), додека во групата со АД 2,17 (СД 0,87), со статистички сигнификантна разлика за p = 0,0000*. Заклучок: Скалата на Хачински, веројатно денес помалку применувана во пракса, е практична и со можност за брзо дијагностицирање на васкуларни фактори. Иако дизајнирана за диференцијална дијагноза на АД и ВД, може да не упати на постоењето на васкуларните ризик фактори значајни за васкуларната деменција, но и за Алцхајмеровата болест, како и за миксната деменција застапена со поголем процент во понапредната возараст.Овие фактори се важни и за успорување на прогресијата и компликациите при постоечката деменција.
| Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
|---|---|
| Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
| Divisions: | Faculty of Medical Science |
| Depositing User: | Roza Krsteska |
| Date Deposited: | 14 Apr 2026 08:34 |
| Last Modified: | 14 Apr 2026 08:34 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/38267 |
