Slamkov, Emil and Nacev, Trajce (2025) Археолошки истражувања и конзервација на внатрешниот бедем на Вардарски рид Античка Гортинија (2016-2017). In: XXVIII Симпозиум на Македонското археолошко друштво.
MAD-Programa-i-Kniga-so-apstrakti_2025 (4).pdf
Download (338kB)
Abstract
Сместен веднаш до влезот во Гевгелија, на десниот брег
на реката Вардар, локалитетот Вардарски Рид – античка
Гортинија со досегашните истражувања се афирмира
како централна и најголема повеќеслојна населба од
протоисториското и раноантичкото време. Локалитетот
со интензивен и континуиран живот овозможува на едно
место да се согледаат сите етапи од културниот развиток
на Долното Повардарје од крајот на бронзеното време до
падот на античката Македонска држава и воспоставување на
римската доминација на овој дел од Балканот.
Досега на локалитетот се откриени населбински и
трговско-занаетчиски инсули, градската Стоа како дел од
Агората на истиот, улици, плоштади, печки за керамика и
метал, инфраструктурно уредување и други содржини од тип
на населба. На врвот на Ридот 2 лежи акрополата на населбата,
т.н. Централен комплекс околу кој е изграден внатрешен
бедем со досега откриени две кули.
Бедемот и кулите освен заштитна, имаат улога да ја
потенцираат доминантната позиција и значењето на
Акрополата и Централниот комплекс во однос на останатите
делови на градот, кој со откривањето на пломбата со името
на градот можеме да го сметаме како седиште на градската
управа.
| Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
|---|---|
| Subjects: | Humanities > History and archaeology |
| Divisions: | Faculty of Educational Science |
| Depositing User: | Trajce Nacev |
| Date Deposited: | 04 Feb 2026 08:45 |
| Last Modified: | 04 Feb 2026 08:45 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37604 |
