Dimitrov, Nikola (2025) Туризам на македонските планини. Геомап, Скопје. ISBN 978-608-66825-8-3
Dimitrov, V. Nikola (2025)_Туризам на македонските планини.pdf
Download (1MB)
Abstract
ПРЕДГОВОР
Туризмот е светски процес, сложен и профитабилен. Во светот активно опстојуваат повеќе видови туризам. Планинскиот туризам високо е рангиран и игра важна улога во глобалниот светски туризам.
Слични карактеристики има и туризмот во РС Македонија. Така, ако ги рангираме видовите туризам во РС Македонија, примарно место има езерскиот туризам, потоа следи урбаниот туризам, па планинскиот туризам итн.
Прв ракопис за планински туризам е учебникот со наслов Планински туризам (2021), кој го користат студентите на Факултет за туризам и бизнис логистика, при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Во учебникот е обработен планинскиот туризам во светот и делумно во РС Македонија.
Македонскиот планински туризам располага со многу ресурси, кои доволно не се искористени. Главен мотив за создавање на оваа тематска книга е презентирање на ресурсите за развој и унапредување на планинскиот туризам на македонските планини. Темата во овој текст исклучиво го обработува само туризмот на македонските планини. Имено, правиме обид да ги презентираме сите карактеристики на појава, развој и унапредување на Туризам на македонските планини.
Текстот што е презентиран во книгата е конципиран во два дела и шест теми.
Првиот дел, Планини и ресурси за туризам, е составен од две теми.
Во првата тема, Општи карактеристики на македонскиот планински релјеф ги обработува главните карактеристики на планинскиот релјеф, потоа основните одлики на македонските планини и на крајот функционалната поделба и ресурси на планините. Во втората тема: Почетоци на планинарење, скијање, планинарски друштва и домови, ги обработува првите искачувања на планините, првото скијање, појавата на планинарство, планинарски друштва, планинарски домови и скијање.
Во вториот дел, Туристички мотиви, активности и движења, составен е од четири теми. Во првата тема се општо обработени Атрактивни мотиви (природни и антропогени), во втората тема, се говори за Комуникативни мотиви (патна мрежа, друга инфраструктура, инфоцентри и сувенирници), во третата тема за Рецептивни мотиви (Сместувачки капацитети, Угостителски капацитети и Други капацитети).
Во четвртата тема опширно се обработуваат податоци за Туристички активности на македонските планини, и тоа за: Почетоци на туризмот на македонските планини, Видови туризам и рекреативни активности на планина, потоа за Функционални активности на планинскиот туризам, Ски-центри и одморалишта, Планинарски друштва и домови, како и за Туристички движења и Регионални карактеристики на македонскиот планински туризам.
На крајот е поместен преглед на користена литература и интернет-адреси.
Подвлекувам, во книгата не се ставени многу фотографии и географски карти и тоа од причина да не биде премногу обемна. Имено во ера на дигитализација и социјални мрежи, секој може да види прекрасни фотографии за македонските планини и сл. Исто така, печатењето на книги чини многу пари, а особено на оние кои се обемни и со многу фотографии. Значи, мисијата за научните работници и сите други лица кои сакаат да презентираат разни теми станува скапа работа. Па така, денес, повеќе се користи електронско издание отколку печатено. Затоа е мал тиражот на книгата. Книгата ќе биде и електронски поставена, со услов секој кој ќе ја користи правилно да ја цитира.
Благодарност на рецензентите проф. д-р Благоја Маркоски, проф. д-р Свемир Горин и проф. д-р Иван Радевски, кои прифатија да го рецензираат ракописот.
Битола, ноември 2025 година Авторот
| Item Type: | Book |
|---|---|
| Subjects: | Social Sciences > Other social sciences Social Sciences > Social and economic geography |
| Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
| Depositing User: | Nikola Dimitrov |
| Date Deposited: | 06 Feb 2026 09:48 |
| Last Modified: | 06 Feb 2026 09:48 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37190 |
