Cackov, Oliver and Nikolovska Ilieva, Anita (2025) Јас историчарот. [Image]
Каталог за изложба Јас, Историјата (1).pdf
Download (3MB)
Abstract
Основната концепциска рамка на оваа изложба, замислена како обид
да се претстави дел секојдневниот живот во Македонија во 20 век – во
периодот од 1900 до 1990 година – произлезе од потрагата по одговорот
на едно сосема едноставно, но суштинско прашање: Што сè е историја?
Ако нејзината примарна цел е да го проучува минатото, да ги протолкува
и разбере настаните што го обликувале човечкото општество низ неговите
политички, социјални, економски, културни, интелектуални и воени текови,
тогаш таа задача нужно подразбира критичко истражување на материјалните
траги – документите и артефактите – преку кои можеме да ги согледаме
промените низ времето, односно да видиме како човечките постапки, одлуки
и меѓусебни односи ја создале сегашноста.
Овие размислувања понатаму го формулираа и следното прашање:
Што ќе остане како материјален доказ од нашето време – од 21 век – кој во
голема мера се базира на дигитални записи, што брзо се создаваат и уште
побрзо исчезнуваат? Се разбира, историјата и во дигиталната ера има свои
извори, само во поинаков формат. Но, нивното истражување отвора нови
методолошки предизвици – од следењето на дигиталните архиви до нивните
првични извори и проверката на автентичноста на електронските документи,
до обезбедувањето нивна долгорочна трајност. Тоа значи дека некои идни
истражувања на минатото, како што покажува современата реалност, ќе
треба да усвојат нова епистемологија на историските докази, прилагодена на
нивната нематеријалност и нестабилност.
| Item Type: | Image |
|---|---|
| Subjects: | Humanities > History and archaeology |
| Divisions: | Faculty of Educational Science |
| Depositing User: | Oliver Cackov |
| Date Deposited: | 23 Dec 2025 10:06 |
| Last Modified: | 23 Dec 2025 10:06 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37094 |
