Lokmani, Blerta and Adzi-Andov, Ljubica (2025) Преваленца и фактори на ризик поврзани со гестациски дијабетес мелитус кај бремени жени. In: Втор симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата „Фармацевтот како алка помеѓу традиционалната и иновативната терапија“, 27 Sept 2025, Stip.
kniga-na-apstrakti-fmn-farmacija-2-simpozium-29.pdf
Download (173kB)
Poster-Blerta Lokmani.pdf
Download (213kB)
kniga-na-apstrakti-fmn-farmacija-2-simpozium-1-16.pdf
Download (596kB)
Abstract
Гестациски дијабетес мелитус (ГДМ) претставува нарушена гликозна толеранција со појава за време на бременоста, асоцирана со зголемен мајчин и фетален морбидитет,
како и долгорочни здравствени ризици. Преваленцата на гестацискиот дијабетес варира глобално, зависно од етничката припадност, популациските карактеристики, тест методологијата и критериумите за дијагноза. Затоа, главната цел на ова истражување беше да се утврди преваленцата на гестацискиот дијабетес и да се идентификуваат факторите на ризик кај бремените жени. Во студијата беа вклучени бремени жени над 18 години, во 18-32 гестациска недела, врз основа на ултразвучна проценка од страна на гинеколози. Тие беа подложени на орален гликоза толеранс тест со 75 грама гликоза. За проценка на факторите на ризик од ГДМ беше користен структуриран прашалник, кој содржеше прашања категоризирани во три дела. Ова истражување покажа дека 32 (33,7%) од жените вклучени во студијата имале гестациски дијабетес. Најзастапената возрасна група беше од 26 до 30 години (45,3%). Позитивна семејна историја беше пријавена кај 40% од бремените жени, 26,3% од нив изјавиле дека имаат прекумерна телесна тежина за време на бременоста, 65,3% од нив изјавиле дека редовно или често консумираат газирани
пијалаци, додека само 10,5% од нив изјавиле дека се занимаваат со физичка активност.
Скринингот за гестациски дијабетес треба да биде дел од рутинската пренатална грижа, особено кај жените со присутни ризик-фактори, при што важноста на скрининг тестовите
треба јасно да им се објасни.
Клучни зборови: гестациски дијабетес мелитус, OGTT- тест, фактори на ризик за гестациски дијабетес.
| Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
|---|---|
| Subjects: | Medical and Health Sciences > Health sciences |
| Divisions: | Faculty of Medical Science |
| Depositing User: | Ljubica Adzi-Andov |
| Date Deposited: | 22 Jan 2026 10:26 |
| Last Modified: | 22 Jan 2026 10:26 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/37075 |
