Todevska, Daniela and Atanasova - Pancevska, Natalija (2025) Здрава храна - здрави деца. [Project]
Zdrava hrana zdravi deca.pdf
Download (3MB)
Abstract
Исхраната е процес кој се одвива од моментот на внесување на храната до потполно искористување на хранливите материи во организмот.
Храната која се внесува во организмот покрај другото треба да ги исполни следните 3 услова:
1. Да биде доволна по количина да обезбеди поребна енергија за работа, растење и обнова на клетките и ткивата;
2. Да биде разновидна, односно да содржи во потребна количина хранливи и други неопходни состојки како белковини, масти, јаглехидрати, минерали,
3. Да биде здравствено безбедна
Бројни инциденти кои се ширум светот и секојдневн се случуваат поради хигиенски, токсиколошки или на друг начин неисправна ( контаминирана ) храна, имплицираат последици кои се манифестираат со загрижувачко ниво на загрозување на здравјето и безбедноста на потрошувачите ширум светот, што резултира со значајни економски губитоци.
Исхраната и здравото живеење се основни потреби и право на луѓето. Ова се постигнува со конзумирање на квалитетна и безбедна храна. Појавата на многу нови болести денес се поврзуваат со конзумирање на небезбедна храна. Болестите предизвикани од небезбедна храна го загрозуваат човековото здравје во земјите во развој, како и во развиените земји. Овие болести претставуваат голем ризик за децата, бремените жени , лицата со посебни потреби и старите лица, односно кај лица со нарушен имунитет.
. Целта на овој проект е да се прикажат потенцијалните опасности кои можат да се појават во храната и постапките со кои се гарантира дека произведената храна е безбедна за конзумирање. Исто така, целта е преку иновативни, едукативни методи да се информираат најмладите потрошувачи за хигиената и безбедноста на храната и да се подготват едукативни материјали кои ќе им помогнат на наставниците во продолжување на споделување на знаењето за безбедност на храна.
| Item Type: | Project |
|---|---|
| Subjects: | Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology |
| Divisions: | Faculty of Agriculture |
| Depositing User: | Daniela Dimovska |
| Date Deposited: | 24 Nov 2025 10:05 |
| Last Modified: | 24 Nov 2025 10:05 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36922 |
