Angelovska, Conka and Kamceva, Gordana (2025) Крводарување како алка во трансфузиолошкиот систем: пред и после Kовид-19 пандемијата. Knowledge - International Journal, Scientific Papers, 72 (4). pp. 551-555. ISSN 2545-4439
BLOOD+DONATION+AS+A+LINK+IN+THE+TRANSFUSION+SYSTEM+BEFORE+AND+AFTER+THE+COVID-19+PANDEMIC.pdf
Download (854kB)
Abstract
Потребите на крв во Р.Северна Македонија се движат од 55.000 до 58.000 единици годишно од кои 10-16% од хоспитализираните болни кои примаат крв и 50-60% од хируршките болни. Крводарителството во нашата земја се движи од 2,7% односно 27 крводарители на 1000 жители. Од сето тоа во 90% дарувањето е доброволно, а во 10% е фамилијарно. Зголемено процентуално фамилијарно дарување имаме во 2020 година кое се должи на ситуацијата со пандемијата предизвикана од КОВИД -19 и зголемените потреби од крв.
Цел на трудот е да го прикажиме процентот на самоволното и фамилијарно дарување на крв кај населението, во период од три години за време на Ковид-19 пандемијата и во последните три години.
Материјал и методи: Податоците за овој научен труд се собрани во тек на крводарителските акции во службата за трансфузиона медицина (СТМ) Кочани. Податоците се статистички обработени и прикажани во соодветни табели и графикони.
Резултати: Бројот на доброволни и фамилијарни дарители изнесува 1581 крводарител, во период од три години (2019-2021), за време на Ковид-19 пандемијата, соодветно 407 за 2019 година, 539 за 2020 година и 635 за 2021 година. Во последните три години (2022-2024), бројот на крводарители изнесува 1719, соодветно 563 за 2022 година, 582 за 2023 година и 574 за 2024 година. Од нив, 1524 (88,66%) се мажи, а 195 (11,34%) се жени. Според процентуалната застапеност намногу крводарители со крвна група А Rh+ , О Rh+ и Б Rh+ , најмалку со АБ Rh- и Б Rh-.
Заклучок: Крвните продукти произведени во Републички завод за трансфузиологија - Скопје и во другите служби за трансфузија во Р.Северна Македонија се сигурни и контролирани. Крводарителските акции подржани од страна на Владата на Република Македонија преку Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, се одржуваат со цел да ги задоволат потребните од крв и крвни продукти.
Клучни зборови: крводарители, доброволни, фамилијарни, првпатни, Ковид-19 пандемија
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
| Divisions: | Faculty of Medical Science |
| Depositing User: | Gordana Kamceva |
| Date Deposited: | 03 Nov 2025 08:11 |
| Last Modified: | 03 Nov 2025 08:11 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36705 |
