Anastasova, Ankica and Nakov, Dimitar and Kuzelov, Aco and Panev, Kristina (2024) Сезонски варијации во квалитетот на бунарската вода. In: V Студентска конференција „Критични прашања во земјоделството и животната средина” Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, Земјоделски факултет, 13 Nov 2024, Stip, Republic of North Macedonia.
![Kniga na apstrakti od V stud. konf_final pg.30.pdf [thumbnail of Kniga na apstrakti od V stud. konf_final pg.30.pdf]](https://eprints.ugd.edu.mk/style/images/fileicons/text.png)
Kniga na apstrakti od V stud. konf_final pg.30.pdf
Download (435kB)
![Water quality seasonal variations ver 1.pdf [thumbnail of Water quality seasonal variations ver 1.pdf]](https://eprints.ugd.edu.mk/style/images/fileicons/text.png)
Water quality seasonal variations ver 1.pdf
Download (602kB)
Abstract
Главна цел на истражувањето беше испитување на сезонските варијации во квалитетот на бунарската вода од пет бунари локализирани во регионот на Пробиштип и Кочани. Водата од бунарите се користи за задоволување на потребите на домаќинствата кога централизираното снабдување со вода не задоволува во капацитет. Во примероците бунарска вода по сезони во годината беа следени варијациите во физичко-хемискиот состав, микробиолошкиот квалитет, присуството на тешки метали и радионуклиди. Примероците вода беа анализирани на шест микробиолошки параметри, четири физички параметри, пет хемиски параметри, присуство на 6 тешки метали и беше детектирано присуството на 4 радионуклиди. Добиените вредности за квалитет на бунарската вода беа споредени со референтните вредности пропишани во Правилникот за безбедност и квалитет на вода за пиење. Микробиолошкиот квалитет на испитуваната вода од сите бунари не задоволуваше за нејзина употреба како вода за пиење. Физичкиот и хемискиот квалитет на водата беше во границите на максимално дозволените концентрации. Присуството на тешки метали и радионуклиди беше во границите на максимално дозволените концентрации. Статистичкиот модел покажа високо статистички значајно влијание на локацијата на бунарот врз квалитетот на водата, додека сезоната во годината статистички значајно не влијаеше врз квалитетот на бунарската вода. Согласно квалитетот на бунарската вода, таа може да се користи за наводнување на земјоделските култури но не смее да се користи како вода за пиење и во домаќинството.
Клучни зборови (3-7 зборови): вода, физичко-хемиски параметри, микробиолошки квалитет, сезонски варијации
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Dimitar Nakov |
Date Deposited: | 15 Aug 2025 06:52 |
Last Modified: | 15 Aug 2025 06:52 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/36269 |